09 Октомври, 2024
0.0322

СНИМКИ ОД СТРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО КИНА! Луѓето станаа во секунда и почнаа панично да бегаат - спасувајќи си ги животите

Објавено во: Свет 19 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

На видеата кои се споделуваат денеска на социјалните мрежи, може да се забележа луѓето како бегаат од рестораните во паника во моментот кога почна застрашувачкиот земјотрес во Кина.

За потстување, вчера имаше силен земјотрес во Кина. Имено земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди оддалечената планинска област на северниот раб на кинеската висорамнина Кингхаи-Тибет, нешто пред полноќ во понеделникот, при што загинаа најмалку 118 луѓе, а стотици беа повредени, објавија кинеските државни медиуми.

На социјалните мрежи се појавија видеа кои го покажуваат моментот кога почнал земјотресот. Надлежните ангажираа бројни служби за итни случаи кои работат во отежнати услови поради температурите под нулата. Голем дел од Кина се бори со ниските температури во студениот бран што ја зафати земјата. Земјотресите се чести во западните провинции како што е Гансу на источната граница на висорамнината Кингхаи-тибет, тектонски активна област.


Во најсмртоносниот земјотрес загинаа 70.000 луѓе

Најсмртоносниот земјотрес во Кина во последните децении беше во 2008 година, кога земјотрес од 8 степени ја погоди провинцијата Сечуан, при што загинаа речиси 70.000 луѓе. Во понеделникот во 23 часот и 59 минути по локално време, најновиот земјотрес го погоди округот Џишишан во Гансу на длабочина од 10 километри, според Кинеската мрежа за земјотресни центри (CENC).

Според извештаите рано во вторникот во провинцијата Гансу, 105 луѓе загинале, а 397 се повредени, соопштија покраинските власти на прес-конференција. Бројот на загинати во Чингхаи се искачи на најмалку 13, а повредените на 182. Официјално, 20 лица се водат како исчезнати.

Температурата е околу -14 степени

Бидејќи зоната на катастрофата се наоѓа на високо подрачје со студени временски услови, спасувачкиот тим работи на спречување секундарни катастрофи, пренесува Ксинхуа. Температурата во градот Линксиа, провинцијата Гансу, во близина на местото на земјотресот, во вторник наутро била околу -14 степени Целзиусови.

Оштетена е дел од водоводната, електричната, сообраќајната, комуникациската и друга инфраструктура. Десетици автопати и рурални патишта се оштетени од неколку одрони, а засега нема информации за евентуални жртви. На околу 3.000 километри, вториот земјотрес го погоди регионот Ксинџијанг во вторник во 9:46 часот по локално време, со јачина од 5,5 степени и длабочина од 10 километри, соопшти ЦЕНЦ.


Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан