Со фалсификувани ПЦР-тестови сакале да поминат на Деве Баир
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Февруари, 2021
Шест лица се фатени на граничниот премин Деве Баир со фалсификувани ПЦР-тестови.
Полицијата информира дека околу 15 часот, шест лица од кои пет од Скопје и едно од Кавадарци се уапсени.
„Се работи за Л.А.(46) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, Л.Д.(22) од Кавадарци, Б.М.(21), С.М.(22) и Б.К.(24), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина“, соопштија од МВР.
Тие заедно со одземените предмети биле предадени во полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.