Со 15 милиони евра ќе се поддржува развојот на семејни бизниси во руралните средини
Објавено во: Економија 29 Март, 2013 11:55
Со средства во износ од 15 милиони евра Владата ќе поддржи отворање нови или проширување на постојните семејни бизниси во руралните средини. Оваа поддршка ќе се доделува за бизниси од областа на земјоделското производство, алтернативно земјоделско производство, занаетчиство, туризам и услужни дејности.
Како што појасни на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, средствата ќе бидат наменети за покривање на 50 проценти од инвестицијата за отворање или развој на семејните бизниси. Најмала инвестиција за која граѓаните ќе можат да побараат поддршка е во висина од 3.000 евра, а Владата ќе покрие половина или 1.500 евра, а највисоката сума може да достигне до 300 до 400 илјади евра од кои половина како поддршка ќе ги обезбеди Владата.
За анимирање на граѓаните Владата подготвува кампања во која претставници на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и Агенцијата за вработување на Република Македонија на терен ќе им објаснуваат во кои се сфери може да се добие поддршка од Владата и помош при изготвувањето на бизнис-плановите. Основен услов кој треба да го исполнат граѓаните за да добијат финансиска поддршка од Владата покрај бизнис-планот е да ги имаат исполнето обврските по основ на даноци и придонеси, и да се од руралните средини.
Приоритет во добивањето на средствата ќе имаат оние бизниси кои ќе овозможат поголем број вработувања.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




