Со 29,7 милиони фунти е казнета швајцарската банка УБС
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2012 12:01
Британската администрација за финансиски услуги, денеска ја казни швајцарската банка УБС со 29,7 милиони фунти поради грешки што довеле до тоа нивниот трговец Квеку Адоболи да забележи загуба од 1,4 милијарди фунти.
Адоболи на 22 ноември е осуден на седум години затвор по две точки за превара, откако со работењето загубил 1,4 милијарди фунти.
Британското регулаторно тело ја казни банката поради грешки во системот и контролата што дозволиле Адоболи да тргува во Лондон надвор од овластените ограничувања.
ФСА, која истрагата ја спроведе со помош на своите швајцарски колеги од агенцијата „Финма“, соопшти дека се откриени „сериозни пропусти“ во банката УБС.
Банката УБС не го организира и контролира работењето на одговорен и ефикасен начин со соодветни системи за управување со ризик, ниту пак го водела својот бизнис во Лондон со неопходната вештина, грижа и внимание, се наведува во соопштението на ФСА.
Официјалниот претстваник на ФСА Трјси Мекдермот истакна дека грешките во контролата овозможиле раст на загубите во УБС. Адоболи е уапсен на 15 септември 2011 година, додека работел за УБС во Лондон, од каде вршел глобално банкарско работење тргувајќи со акции и стоки.
Британскиот суд во пресудата заклучи дека тој со своето неодговорно работење и однесување ја довел швајцарската банка на чекор од пропаст со тоа што загубил пари со „незаштитено, безгрижно и несовесно“ тргување.
Адоболи ги отфрли сите обвиненија, а судот го ослободи од обвиненијата по четири точки за фалсификување на сметководствени податоци.
Во УБС Адоболи се вработил во 2003 година, а нејзин трговец станал во 2006 година. Во текот на судењето изнесен е податок дека во еден момент УБС била на работ од загуба од 7,5 милијарди фунти.
Адоболи, со потекло од Гана, изјави пред поротата деак неговите шефови знаеле за постапките и го охрабрувале да ризикува.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




