Добивај вести на Viber
Субвенции од 35 милиони денари или околу 600 илјади евра ќе добијат субјектите кои се занимаваат со рибарство и аквакултура. Веќе е објавен јавен пович и че трае до крајот на ноември, при што од вкупните средства за субвенции, 15 милиони денари ќе се даваат за произведена и продадена риба, а 20 милиони денари за произведен подмладок.
Притоа со 10 денари ќе се субвенционира килограм произведена и продадена риба виножитна пастрмка, поточна златовчица, крап, амур, сом и тостолобик. Субвенции од 20 денари ќе се даваат за килограм речна и охридска патрмка.
Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, скалестото субвенционирање че има поради поттикнување на конкуренцијата
„Сите субјекти кои поседуваат рибници во кои се произведува риба со капацитет до 25 илјади килограми ќе добијат 100 проценти од субвенцијата, рибниците со 25 до 50 илјади килограми ќе добијат 75 проценти од субвенцијата, рибниците од 50 до 100 илјади килограми ќе добијат 50 проценти, а оние кои имаат рибници со над 100 илјади килограми ќе добијат 25 проценти од субвенцијата,“ истакна Ѓорѓиев.
Притоа во однос на подмадокот, за чување риба матица ќе се субвенционира со 600 денари по риба кај речната, виножитна и охридска пастрмка и тоа до 700 броја произведена риба, за крапот ќе се финансираат најмногу до 300 риби, односно со 50 за останатите врсти.
Сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат треба да ги поднесат потребните документи до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Од владата велат дека рокот е фиксен и нема да се продолжува.