Со 48 гласа ЗА и 36 ПРОТИВ пратениците ги изгласаа измените на Кривичниот законик
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2023
Со 48 гласа за, 36 против, и еден воздржан, Собранието вечерва ги донесе измените на Кривичниот законик. Со Измените на кривичнот законк по скратена постапка, се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања. Денеска помина и во двете собраниски комисии, без амандмани од опозицијата.
За пратеничката Гордана Силјановска Давкова е нејсно како може Кривичен законик да се смени за неколку часа.
„Ова е јавно убиство на правото и правдата во комисијата за антиевропски закони. Ние сме држава со најспора правда има најбрза постапка за менување на закони. Според Давкова, се работи за проектирана амнестија. „Ова е непознат европски феномен. Се срамам што предавам право, не сум сонувала дека за 3 саата може да се донесе закон. Побрзи од ветер сте во заштита на криминалот и корупцијата“, вели таа.
И реплицираше независниот пратеник Панчо Минов, кој појасни за членот 32, кој се однесува за злоупотреба на службени овластувања.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.