24 Април, 2024
0.0246

Со Андрија пак верувам дека постои некој за секого: Јана Стојановска планира свадба во Белград

Објавено во: Стил 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Со голема радост и посветеност, актерката Јана Стојановска и нејзиниот свршеник, кошаркарот Андрија Бојиќ кој игра за МЗТ, ја планираат свадбата, која ја закажаа за во јуни во еден белградски хотел. По една година откако се запознала со Бојиќ, Јана вели дека не е нервозна пред големиот настан туку сосема растеретена, и во исчекување нејзината сестра, актерката Ана Стојановска да ѝ ја организира моминската вечер. За Женски магазин, Јана ја раскажа љубовната приказна со кошаркарот и сподели детали за свадбениот ден. 

„Со Андрија лично се запознавме на 13 април минатата година. Беше петок, источен петок Балаклија. Претходно си имавме разменето по некој збор на Инстаграм, тој тогаш играше во Полска. Слушал македонска музика, евергрини, и изборот на јутјуб го донел до мојата песна „Празни зборови” што ја пеевме во дует со Влатко Илиевски. Така решил да ми пише, тоа беше некаде декември. Потоа неверојатно, сосема случајно добил „прекоманда“ во МЗТ Скопје во април минатата година. Ми пиша дека е во Скопје и дојде на претстава. И толку беше. Судбинска приказна“ раскажува Јана. Таа вели дека не може на кусо да раскаже што сѐ ѝ се допаѓа кај Андрија. 

Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган