СО БАРБИ КУКЛИ ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА, ДЕМЕНЦИЈА И АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ: Во една европска институција пациентите имаат ваква терапија
Објавено во: Свет 02 Август, 2023 09:07
Установата за
медицинска нега „Сан Рафаеле“ во Лече, Италија, во која се сместени пациенти
кои боледуваат од Алцхајмерова болест, почна да им дава на своите пациенти
кукли Барби како дел од нивната терапија, со цел да се подобрат когнитивните
процеси и визуелниот и физичкиот контакт кај пациентите.
„Терапијата со кукли е дел од таканаречените нефармаколошки интервенции кои се користат во лекувањето на деменција. Тие можат да го подобрат визуелниот и телесниот контакт, тактилната контрола и преку дијалог со куклата Барби може да се стимулираат когнитивните процеси и меморијата, да се олесни дијалогот, релацискиот капацитет, да се подобрат релаксацијата и емоционалните процеси, нарушувања во однесувањето и спиењето, раздразливост, а чувството на депресија може да се намали“, изјави психологот Марија Џовано Пекуто, пренесува агенцијата Анса.
Пациентите на почетокот не им веруваа на куклите, но набрзо почнаа да се однесуваат кон куклите како никогаш да не престанале да си играат со нив, па почнале да разговараат со нив, да им ги менуваат фризурите и облеката и слично, пишува Институцијата „Сан Рафаеле“.
„Реакцијата беше изненадувачка. Пациентите со Алцхајмерова болест би можеле да изберат кукла со која ќе си играат, а играњето со куклата Барби не е исто како да играш со други кукли, , вели едукаторката од Сан Рафаеле, Ирена Патруно.
ФОТО: EPA/JENS KALAENEМожеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




