Годинава во Охрид со чартер ќе слетаат 20 илјади туристи
Објавено во: Економија 23 Април, 2013 19:13
Во петок во Охрид доаѓа првата тура холандски туристи оваа година. Станува збор за група од земјите на Бенелукс кои во Охрид и Струга ќе допатуваат преку аранжманите на тур-операторот „ТУИ – Аркефлај“, со посебен чартер лет.
Туроператорот „ТУИ – Аркефлај“ заедно со „Корендон“ се агенциите кои веќе трета година ја нудат Македонија како дестинација на своите летни туристички понуди.Според планот „ТУИ Аркефлај“ од 10 мај треба да реализира по два лета седмично во понеделник и петок, со последен лет предвиден за 4 октомври.„Корендон“ ќе оперира со три чартер-лета седмично, во периодот од 7 мај заклучно со 13 октомври.
За ова лето двете агенции треба да направат вкупно 114 чартер-летови за Охрид и да превезат околу 20 илјади туристи.
Досега за летување во Македонија „ТУИ“продадал 2.500 аранжмани, додека „Корендон“ над 5.600 аранжмани за странски туристи во Македонија. Тие овде ќе останат од 7 до 10 ноќевања.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




