05 Декември, 2025
0.2494

Со даночни олеснувања Грција ќе привлекува странски инвестиции

Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2012 14:01

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии во Грција ја разгледува можноста да понуди даночни олеснувања за странците со високи примања, кои ќе се преселат да живеат во Грција, соопшти онлајн изданието на Катимерини. Слични прописи во моментов функционираат во Велика Британија и Швајцарија, потсетува весникот. Грчкото Министерство за финансии ја разгледува можноста да ги ослободи од данокот на доход сите странци кои ќе изберат да живеат во Грција и да ги тошат своите странски примања. Тие ќе се даночат само ако заработуваат пари во Грција, но и во тој случај се планира големината на стапката да биде фиксна. Предлог-законот, во кој се наоѓаат голем број иницијативи за странските  инвеститорите, се очекува да биде доставен во парламентот во декември. Меѓу мерките за промовирање на странските инвестиции во земјата се забрзаното издавање на дозвола за престој, брзо разгледување на проектите за стратешки инвестиции, дополнителни олеснувања за купувачи на втор дом во Грција во вредност од над 300 илјади евра и други. Весникот наведува дека мерките се дискутирани од грчкиот премиер Андонис Самарас со рускиот претседател Владимир Путин бидејќи Русите се меѓу главните купувачи на пазарот на апартмани за одмор од нашиот јужен сосед.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година