19 Декември, 2025
0.0413

СО ГОЛЕМ КУЈНСКИ НОЖ НАПАЃАЛ ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ЛАС ВЕГАС: Двајца мртви, шестмина ранети!

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2022 09:03

Добивај вести на Viber

Напаѓач со голем кујнски нож вчера уби две лица и рани шест на главната улица во Лас Вегас, во Соединетите Американски Држави, пред да биде уапсен, соопшти полицијата.

Ранетите се префрлени во болница, тројца од нив се во критична состојба, останатите се стабилни, соопштено е во Лас Вегас.

Полицијата соопшти дека почнала да прима повици за нападите околу 11:40 часот по локално време (20:40 часот по средноевропско време) од улицата спроти казиното и хотелот Вин.


Според полицијата, убиени се двајца граѓани на Лас Вегас.

Полицијата го опиша осомничениот како маж на околу триесет години и додаде дека работи на потврдување на неговиот идентитет. Тој не е жител на Лас Вегас.

Нападите со нож биле неиспровоцирани, соопшти полицијата.

Во еден момент напаѓачот почнал да бега, по што следеле лица кои повикале полиција. Подоцна бил приведен. Полицијата пронашла голем, долг нож за кој се верува дека бил употребен во нападот.

„Немаше други учесници во нападот, а булеварот каде што се случи сега е безбеден“, изјави шерифот Кларк Џо Ломбардо.

Ломбардо рече дека жртвите на злосторството биле локални жители и туристи.

Полицијата соопшти дека е премногу рано да се шпекулира за можниот мотив за убодите со нож.


Фото: Принскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела