Со какви обичаи светот ја дочекува новата година
Објавено во: Свет 31 Декември, 2014 14:31
Романските фармери за време на новогодишната ноќ ги обиколуваат и наслушуваат животните на својот имот. Според народните верувања, доколку кравата или козата проговори, тоа ќе донесе среќа во наредната година.
Разделувајќи се од старата година, жителите на Јоханесбург ги фрлаат старите предмети од домот од прозор со што би се направило место за новите работи.
Неизоставен дел од новогодишната трпеза во сите јапонски домови се „тошикоши соба“ – долги резанци кои симболизираат долговечност.
Доколку за време на прославата се појавите во бел фустан или одело, со тоа ќе ги избркате лошите духови. Вакво е верувањето во Бразил. Бразилците кои живеат во близина на брегот, прескокнуваат седум бранови за среќа, по еден за секој ден од неделата.
Иако Русите во текот на целата година пијат „Водка“, на нивните маси за 31 декември може да се најде и шампањ. Обичајот е секој гостин на прославата да запише желба, а потоа истата да ја запали, да ја стави пепелта во чашата со шампањ и овој пијалок да го испие точно на полноќ.
Британската комедија „Вечера за еден“ доби неверојатна популарност помеѓу германската публика која уште од 1972 година традиционално го гледа на последниот ден од годината.
Жителите на Еквадор ја користат последната недела од декември да направат страшило кое го полнат со стари весници. Кога ќе се приближи полноќ, сите се собираат пред своите домови и ги палат страшилата, а со нив и сите проблеми од минатата година.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




