05 Декември, 2025
0.0396

Со кого милијардерите го делат креветот?

Објавено во: Стил 13 Септември, 2013 09:00

Добивај вести на Viber

Да се биде жена или девојка на милијардер е сон кој станал реалност. Сите оние кои сонувале да бидат третирани како принцези и кои си го замислувале својот живот живеејќи го во „скутот" на луксузот, врската со милијардер е клучот за таков живот. Вообичаениот впечаток е дека милијардерите бараат само убави девојки кои ќе им служат како алатка за завидување на останатите другари-милијардери. Но, како што ќе видите во листата, тоа не секогаш е така. Овие девојки или жени на милијардери се доста успешни сами по себе на свој начин, а не само поради нивната врска со нивниот мега богат партнер. Селма Хајек и Франсоа Хенри Пинолт Актерката и милијардерот, кој заедно со своето семејство се проценува дека вреди 15 милијарди долари, се свршија во 2007 година и неколку месеци подоцна ја добија ќеркичката Валентина. Иако во 2008 и ставија крај на врската, во 2009 на Денот на Вљубените тие се смирија и ја крунисаа врската со брак. Наоми Кембл и Владимир Доронин Кембл и рускиот бизнисмен Владимир Доронин се забавуваат од 2008 година. Претседателот на "Capital Group" има нето вредност од 1 милијарда долари. Елин Нордеџен и Крис Клаин Поранешната сопруга на Тајгер Вудс, започна да излегува со својот сосед, кој случајно е магнатот за јаглен Крис Клаин, во 2012 година на Божиќ. Форбс проценува дека новото момче на шведскиот модел тежи 1.2 милијарди долари. Персила Ченг и Марк Цукенберг Овој педијатар започна да се забавува со сопственикот на Фејсбук, Марк Цукенберг, за време на нивната трета година студии на Харвард. неодамна нивниот статус се промени од врска во брак. Младиот милијардер се проценува дек вреди околу 13.3 милијарди долари. Даша Ѕукова и Роман Абрамович Прекрасната Даша се забавува со рускиот милијардер Роман Абрамович. Моментално таа е бремена со нивното второ дете. Прекрасната Даша е ќерка на рускиот олигарх Александар Ѕуков и се занимава со дизајнирање, уредник е на магазин и неодамна отвори галерија на современа уметност. Ел МекФирсон и Џефри Софер Интернационалниот модел започна да се забавува со хотелскиот наследник во 2011 година. По куса разделба, овие двајца повторно ја оживеаја својата романса во крајот на 2012 се свршија. Софер тежи 1 милијарда долари. Луси Саутворт и Лари Пејџ Поранешниот модел со докторат во полето на биоинформатиката од Стенфорд, Луси може исто така да се пофали со дипломите од Оксфорд и Универзитетот од Пенсилванија. Со ко-основачот на Гугл се венчаа во 2007, а заедно имаат дно дете. Лари се проценува дека вреди 20 милијарди долари. Меланиа Трамп и Доналд Трамп Словенечкиот модел се ожени со магнатот за недвижнини Доналд Трамп во јануари 2005 година. Меланија е третата жена на Трамп, а во 2006 го добија нивниот заеднички син Брендон. Трамп тежи 3.2 милијарди долари. Стедман Грем и Опра Винфри Бизнисменот и говорник започна да се забавува со Опра во далечната 1986 година. Парот, кој го делат своето време помеѓу Чикаго и Санта Моника, немаат намера да ја крунисаат својата врска со брак. Винфри тежи 2.8 милијарди долари.          

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: