09 Мај, 2024
0.0251

Со кратко име до повисока плата!

Објавено во: Стил 12 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Луѓето со кратки имиња заработуваат повеќе од другите, според студијата на „Ladzers“, портал кој се занимава со посредување меѓу работодавците и работниците. Студијата покажа дека секоја дополнителна буква во името значи губење на годишна плата од 3600 долари. До овој заклучок се дошло врз основа на споредба на платите на 24 двојки учесниците со различни имиња. Според оваа студија, на пример лицето кое се вика Sarah заработува помалку од некој кој само се нарекува Sara, односно Stefan зема помалку плата од Stiv. Единствен исклучок биле лицата со името Лоренс кои, и покрај тоа што е подолго име, има поголема заработка од човек со името Лари. Некои аналитичари за маркетинг тврдат дека имињата како Боб или Бил придонесуваат личноста која што ги носи да им биде омилена на шефовите, односно дека нивното име ќе им помогне во нивниот бизнис успех. Слична студија беше спроведена и Linkedin која покажа дека кратењето на имињата или давањето кратки прекари на шефовите на компании е карактеристика на американската нација.