Со „македонско сонце“ на фискалните, до поголема потрошувачка на домашни производи
Објавено во: Економија 13 Мај, 2013 20:34
„Постојаната електронска комуникација на даночните обврзници со УЈП ќе ја подобри фискалната дисциплина што е стратегиска определба на Министерството за финансии, додека воведувањето на „македонското сонце“ на сметките се очекува да ги стимулира призводството и потрошувачката на домашните производи“, рече ресорниот заменик министер Ардијан Џеладини, образложувајќи ги измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања со кои на фискалните сметки повторно ќе се воведе логото „Купувајте македонски проивзоди за наше добро - Made in Macedonia“.
Измените денеска го поминаа првото читање во македонското Собрание. Со нив од 1 јануари 2014 година трговците ќе треба електронски да се поврзат со Управата за јавни приходи преку надградба на фискалните апарати и инсталирање т.н. интегриран автоматски систем за управување. Целта е секојдневно да поднесуваат финансиски извештај за работата што ќе овозможи постојано следење на нивниот готовински промет.Инсталирањето на интегрираниот автоматски систем за управување ќе трае до 31 март 2014 за даночните обврзници чиј промет претходната година надминал 10 милиони денари (угостителски објекти и трговци кои вршат промет со нафтени деривати на мало - бензински пумпи) и до 30 јуни за останатите даночни обврзници.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




