19 Декември, 2025
0.0495

СО МИНИМАЛЕЦ НЕ СЕ ЖИВЕЕ: Ги прашавме граѓаните дали имаат можност и енергија за втора работа

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2025 07:29

Добивај вести на Viber

Откако гувернерот Трајко Славески неодамна изјави дека минималецот не е доволен за издржување на семејство и дека не е срамота луѓето да работат и втора работа, ги прашавме граѓаните дали работат или би работеле втора работа, дали за тоа имаат можности, енергија, време.

Некои млади луѓе уште се во потрага по првото вработување. За втора работа велат дека лесно може да се најде во главниот град, но не и во внатрешноста каде изборот е далеку поскромен. Се сомневаат дека би имале енергија и би издржале долго време да работат две работи, дури и кога би имале шанса за ангажмани на две работни места.

„Јас сум невработена, а моите родители имаат добри плати и не бараат втора работа. Не познавам млади луѓе што бараат втора работа. Не верувам дека имаат шанса и да најдат втора работа. За себе мислам дека не би можела да одам и на втора работа“, рече младата Милица М. од Куманово.

Соговорниците објаснуваат дека наоѓањето на втора работа би била добра опција за младите луѓе кои не оформирале семејство и сакаат да работат.

„Ако гледаме врз основа на плата, да, би работела и втора работа, но лошо е тоа што ќе се преморам. Џабе е и факултетот. Јас уште не сум дипломирана, ама не верувам дека брзо ќе најдам работа. За втора работа мислам дека не може да се најде во Куманово, затоа што е тешко да се најде првата работа, а во Скопје може. За другите мали градови, што да се каже? Мислам дека таму не може да се најде втора работа. Не познавам луѓе што работат две работи. Со минималец не може да се направи скоро ништо. Нема хранарина, нема платен превоз до работа и со тие пари нема шанси сам да издржиш, не пак да си семеен човек“, изјави Милена С. студентка.

Многу често сме сведоци дека мајките се нафаќаат да работат само една смена поради обврските со децата и во таква ситуација скоро и да нема шанса за дополнителен ангажман кој ќе донесе плус приходи во домаќинството.  Постојат луѓе кои патуваат до работното место во Скопје, стануваат рано, дома се враќаат попладне и кај нив шансата за плус работа исто е минимална.

„Искрено јас не би работела втора работа, прво, затоа што здравјето ми е на прво место, а второ не сакам психички да бидам оптоварена. Моментално не сум вработена. Еве две години барам работа. Со минималец искрено може да се покријат само давачките и толку“, додава младата Магде Т.

Друга постара жена вели дека поради возраста таа лично нема кондиција да работи две работи, но ако младите тоа го можат, смета дека е за поздравување.

„Ако имате некого да ве препорача, да ви помогне, роднина, можно е. Јас во овие години не можам да работам две работи. Човек кој има деца исто не може да работи две работи. Млад човек, ако е без обврски, можеби ќе може и напорно е, но кој си може секоја му чест“, објаснува Станка Т. повозрасна граѓанка.

Инаку, Славески изјави дека според податоците на Евростат, куповната моќ на минималната плата во Македонија е поголема отколку во десет земји членки на ЕУ. За себе кажа дека во Бостон додека студирал работел во супермаркет за минимална плата и како што наведе, се знае колкави се можностите со минималец, но вели дека луѓето треба да се трудат со своите вештини да не останат на минимална плата. Порача дека не е срамота луѓето да имаат и дополнителна работа.

Во 2022 година, околу еден милион Канаѓани биле вработени на две или повеќе работни места истовремено, според „Статиста“.

Инаку, во земјите каде неформалните економии земаат замав и во региони каде се практикува работа со скратено работно време, дел од населението има повеќе од еден работен ангажман. Фриленс работата создава можности за втор ангажман.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии