19 Декември, 2025
0.0366

Со нова опрема и објекти, Македонија ќе развива здравствен туризам

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2012 17:57

Добивај вести на Viber

Подобрувањето на условите во здравствените установи, нова медицинска опрема и реконструкцијата на здравствените објекти се главните цели кон кои треба да се стреми Македонија за развој на здравствениот туризам е заклучокот од Првата конференција за развој на здравствениот туризам на Република Македонија, а како  дел од националната стратегија за развој и промоција на овој вид туризам во за периодот 2012-2018 година. „Вредноста на проектите во здравството е 100 милиони евра, а со тоа здравствените установи ќе ги пружат сите услови неопходни за привлекување на домашни и странски пациенти“, истакна министерот за здравство, Никола Тодоров. Поддршка на ресорниот министер му дадоа и Министерот за економија Ваљон Сараќини , како и Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, континуирано се работи на подобрување на инфраструктурата, а со модернизацијата на аеродромите, Македонија станува поатрактивна земја за секој вид туризам. „Во рамките на нашите надлежности со градежното земјиште имаме и активности кои се со цел изградба на нови објекти, во тек е подготовка на нови локации за изградба на бањи во Кратово, Пробиштип, Виница, Штип, Струмица и Дебар кои дополнително би придонеле за зголемување на понудата за здравствен туризам“, изјави Јанакиески. Сараќини пак потенцираше дека  последниве 2 години постигнат е најголемиот порасти во туризмот во изминатава декада, вкупниот број на туристи во лани е зголемен за 10,5 %, додека ноќевањата забележаа пораст од 7,6%.  Бројот на странските туристи пораснал над 25%, а ноќевањата на 35,1%. За Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јордан Трајков, со промовирањето на Македонија во светот, ќе се промовира и здравствениот туризам, со што, додава тој, директно ќе влијаеме на зголемувањето на девизниот прилив, јакнењето на јавните и приватните здравствени институции, намалување на невработеноста и подобра позиција за компаниите кои работат во областа на туризмот.  

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?