Со нови владини реформи до полесно и поевтино регистрирање фирма
Објавено во: Економија 12 Мај, 2013 14:26
Нови владини мерки за подобрување на бизнис климата и деловното опкружување беа промовирани денеска. Со новините, треба да се поедностават постапките за основање фирма во Централниот регистар на Република Македонија, но и да се намалат , односно укинат трошоците на субјектите за регистрација на фирма доколку се изведе на начинот кој се пропишува со оваа нова реформа. Ваквите реформи ги усвои Владата на поседната седница, а се веќе доставени и во собраниска процедура.
Според портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, досега фирма се основаше, односно впишуваше во Централниот регистар по електронски пат и во хартиена форма, односно со достава на поднесокот на самиот шалтер на Централниот регистар или неговите подружници. Со новата реформа, покрај постоечките се дава и нова можност, односно субјектот, кој сака да основа фирма тоа да го направи и преку специјализирани регистрациони агенти.
„Очекуваме дека со оваа реформа Република Македонија ќе оствари нов позитивен чекор во делот на оценката за бизнис климата и деловното опкружување, и дека ќе се остварат позитивни ефекти и за субјектите кои сакаат да основаат фирма, ќе се зголеми бројот на електронско основање на фирма и електронско постапување во сферата на бизнисот и дека ќе се остварат и повеќе позитивни ефекти во поглед на работата на дејноста на сметководителите“, посочи Ѓорѓиев.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




