22 Септември, 2023
0.0278

СО ПЕТИЦИЈА ЌЕ БАРААТ ПОБРЗО ДА МИНУВААТ ГРАНИЦА: На Србите им збоктиса од чекање на Прешево - „залудно е, што ќе ти смени петицијата во Македонија?“

Објавено во: Балкан 18 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

На фејсбук групата Во живо од Грција, еден од српските туристи им се обрати на сограѓаните со барање да потпишат петиција за побрзо да го минуваат граничниот премин Прешево во летниот период, кога е зголемена фреквенцијата на туристи.

„Оваа група брои речиси 200.000 членови и мислам дека е крајно време да започнеме акција (петиција) за побрзо преминување на границата во Прешево во текот на сезоната.

Сите знаете колкав пекол е преминувањето на границата во сезона... време е да ја покажеме нашата сила, доколку се приклучат туристичките агенции и превозниците, можеби ќе успееме.

Мое мислење е дека интегрираната транзиција не е решение и дека не оди побрзо или многу малку побрзо.

Треба да побараме од Владата и Муп да го модернизираат тој премин на кој било начин и да го забрзаат протокот на луѓе.

Да донесат повеќе луѓе, да постават повеќе контејнери ако треба да ангажираат сезонски работници.

Колку пати сум видел на камерите дека на влезот во Србија работат само 2 ленти, па кога колоната ќе стане огромна, дури тогаш ја пуштаат третата лента.

Секој кој поминал 3 часа во автомобил на 45 степени, станува потенцијален убиец во сообраќајот.

Претпоставувам дека Србија е способна да купи и опреми 10 контејнери и да донесе 10 луѓе да работат во нив.Дајте ни достоинство кога влегуваме или излегуваме од Србија.

Немојте веднаш да велите дека нема шанси, да пробаме, има време до летото 2024. Благодарам“, стои во објавата во групата „Во живо од Грција“.




Можеби ќе ве интересира

Хрват водел гола жена низ село прикажувајќи ја како прељубничка

Хрват водел гола жена низ село прикажувајќи ја како прељубничка

Зошто Бугарија го протера рускиот свештеник Васијан?

Зошто Бугарија го протера рускиот свештеник Васијан?

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

ДАЛИ ГРЦИТЕ ЌЕ MOЖЕ ДА РАБОТАТ ШЕСТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Денеска протести против новиот закон за работни односи

ДАЛИ ГРЦИТЕ ЌЕ MOЖЕ ДА РАБОТАТ ШЕСТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Денеска протести против новиот закон за работни односи

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Две вештачења се клучни, а Коста дивее во болницата, сака да излезе надвор

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Две вештачења се клучни, а Коста дивее во болницата, сака да излезе надвор

ВОЗАЧОТ НА „АВТОБУСОТ НА СМРТТА“ ОД ЦРНА ГОРА ТЕЛЕФОНИРАЛ И БРОЕЛ ПАРИ?! Сослушаните патници дале контрадикторни изјави, тој се пожалил дека изгубил свест!

ВОЗАЧОТ НА „АВТОБУСОТ НА СМРТТА“ ОД ЦРНА ГОРА ТЕЛЕФОНИРАЛ И БРОЕЛ ПАРИ?! Сослушаните патници дале контрадикторни изјави, тој се пожалил дека изгубил свест!

„НИ АМЕРИКАНЦИТЕ, НИ РУСИТЕ НЕМА ДА МИ КАЖАТ ШТО ДА ПРАВАМ“: Вучиќ без пардон на Генералното Собрание на ОН во Њујорк

„НИ АМЕРИКАНЦИТЕ, НИ РУСИТЕ НЕМА ДА МИ КАЖАТ ШТО ДА ПРАВАМ“: Вучиќ без пардон на Генералното Собрание на ОН во Њујорк

ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ: Во Србија е уапсена група педофили

ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ: Во Србија е уапсена група педофили

Косовските власти уапсија тројца Срби од Звечан и Северна Митровица

Косовските власти уапсија тројца Срби од Звечан и Северна Митровица