15 Декември, 2025
0.0737

СО ПОТРЕСНО ВИДЕО, СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ПОВИКУВААТ НА МАРШ: „Не ни остана ништо друго освен борба за правда“

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2025 09:37

Добивај вести на Viber

Здружението на граѓани 16.ти март 2025, пред почетокот на судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, најавуваат масовен марш во Скопје на 15 ноември, на кој ги повикуваат сите граѓани да им дадат поддршка.
15 ноември, 12:05, МАРШ ЗА АНГЕЛИТЕ.

Маршираме од Плоштад Македонија преку Собранието кон Основниот кривичен суд. Болката е наша, но борбата мора да биде заедничка.

Нашето прво доаѓање во Скопје беше крик за видливост. Тој топол априлски ден чекоревме сами, додека градот молчеше. Баравме институциите да нè видат и да нè сослушаат, а добивме само празни ветувања и лажна емпатија.

Од тогаш до денес марширајќи триесет пати во Кочани, не застанавме. Но тоа не е доволно.

Затоа, драги сограѓани, ве повикуваме во сабота масовно да излеземе на скопските улици. Да се погледнеме. Да се запознаеме. Да не чуете одблизу. Без посредници, без извртувања, без лагите и манипулациите кои се обидуваат да не поделат и претстават во лажно светло. Ние сме родителите на ангелите и за нас единствено нешто што остана на овој свет е борбата за правда, а неа не можеме да ја водиме без вашата поддршка.

Свесни сме дека патот до правда ќе биде долг и тежок, исполнет со отпор и искривени намери. Но ако ја пронајдеме заедничката точка на сплотување и ако застанеме еден до друг, системот нема да има друг избор освен да постапи онака како што бара народот.

Ние веруваме дека Македонија има совест. Дека знаеме да се сплотиме кога најмногу боли. И дека сме подготвени, заедно, да се исправиме против најголемото зло, корупцијата што им го одзеде животот на нашите деца.

Се гледаме на маршот!“, се вели во објавата.




Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“