20 Декември, 2025
0.0401

Со реклами за калории, Кока Кола ќе се бори против дебелеењето

Објавено во: Свет 15 Јануари, 2013 12:02

Добивај вести на Viber

Американскиот гигант Кока Кола ќе го разгледа прашањето за дебелината во серија реклами, чие емитување започна во САД, каде што последиците по здравјето од конзумирањето на безалкохолни пијалоци сеуште предизвикуваат бројни спорови, соопшти АФП. Компанијата преку соопштение објави дека планира емитување реклами на националните кабелски телевизии кои ќе го потсетат луѓето дека сите калории имаат значење за контрола на тежината, вклучувајќи ги и оние од производите на Кока Кола. Кока Кола  ја потврди и својата  посветеност да понуди поголем избор на пијалаци, вклучувајќи и поголем број нискокалорични производи, а на сите нив јасно ќе биде означен бројот на калории содржани во производот. Во втората реклама, од компанијата посочуват дека ќе стават на знаење дека една лименка Кока Кола има 140 калории.Компанијата потсетува дека таа веќе поддржува серија иницијативи за промовирање на вежбањето и според нив, Кока Кола е  првата ваква компанија во САД, која обезбедува информации за калориите на своите производи. Тужбите за штетите од безалкохолните пијалоци беа поттикнати од неодамнешната делумна забрана за продажба на шишињата од повеќе од 500 милилитри ваков пијалок во Њујорк. Одлуката што ќе стапи во сила во март и ќе се применува во рестораните, стадионите и кината, има за цел да се бори против дебелината во град во кој 58% од населението е со прекумерна тежина која е сериозна закана за здравјето.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја