08 Мај, 2024
0.0251

Со рецепт до марихуана во Чешка

Објавено во: Стил 02 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Чешка го легализираше консумирањето марихуана за терапевтски цели. Новиот закон вчера(1-ви април) стапи на сила, а со него се дозволува набавување на марихуана за ублажување на симптомите при тешките заболувања.
Владата наложи дрогата да се набавува само на лекарски електронски рецепт поради спречување на евентуалните злоупотреби. Со марихуана ќе се ублажуваат симптомите на рак, Паркинсонова болест, псоријаза, мултиплекс склероза и слични болести. Во прво време марихуаната ќе се увезува од страна на државата, а потоа, во рок од една година Националниот институт за контрола на лековите ќе го покрене издавањето на лиценци од по пет години за локалните одгледувачи. Чешка е една од најлибералните членки на ЕУ, кога се во прашање лесните дроги. Оттука за лицата кај кои ќе се најде до 15 грама марихуана или кои одгледуваат до пет стебла канабис, има само мали парични казни.