Со сопругата ги претепал родителите - Семејно насилство во Тетовско
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2016
Син од село Челопек, Тетовско крвнички ги претепал своите родители, додека пак во нападот му помогнала и неговата сопруга. Полицијата поднела ривична пријава за семејно насилство и за нанесување на тешки повреди против младиот брачен пар. Според известувањето на полицијата, во семејниот дом, С.П. со својата сопруга извршиле семејно насилство над неговите родители И.П. и Р.П.. Жртвите биле многу тепани, па завршиле на болничко лекување во тетовскиот клинички центар.