Со „Визер“ ќе се лета двапати неделно од Скопје до Хановер
Објавено во: Економија 19 Јули, 2016 14:27
Два пати неделно од Скопскиот аеродром со „Визер“ ќе може да летате до Хановер .
Почнувајќи од 1 Ноември ниско буџетната компанија ќе сообраќа на оваа нова линија во вторник и сабота со билети кои ќе имаат цена од 1,199 денари.
Првиот лет на Wizz Air Скопје беше во Јуни 2011 и од тогаш Wizz постојано ја проширува мрежата во Македонија, како и основање на летови на вториот аеродром во Македонија, аеродромот во Охрид од Јуни 2015. Од првиот лет, преку 2.2 милиони патници избрале да летаат со Wizz во и од Македонија, што ја прави Wizz Air водечка авиокомпанија во Македонија во однос на расположливиот капацитет.
Со новите активности во Германија, Wizz Air сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид.
Надлежните веруваат дека и оваа нова дестинација ќе биде исто толку популарна како и другите со кои оперираат во македонската мрежа.
Тамара Валиос, Шеф на комуникации на Виз Аир вели: ” Возбудени сме да им ги пренесеме одличните новости на нашите корисници од Македонија. Wizz Airдонесе ниски цени во Македонија во 2011 и од тогаш постојано инвестира во Скопје, моментално базирајќи три авиони во главниот град на Македонија. Нашите 2 милиони патници, кои беа достигнати порано оваа година, исто така ја докажува големата побарувачка на авионскиот превоз во оваа држава. Новата линија до Хановер ќе понуди уште една извондредна ниско-буџетна конекција до еден од најголемите бизнис и културни центри во Германија истовремено стимулирајќи го туризмот и угостителството во Македонија. Нашиот професионален локален екипаж гледа да ги пречека патниците на летот соWizz насмевка.”
Хановер e главeн град на сојузната покраина Долна Саксонија и е важен трговски и фестовалски центар, познат по Октоберфест Хановер.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




