Со заработка од 75 милиони долари Роберт Дауни Јуниор е прогласен за најплатен актер
Објавено во: Стил 17 Јули, 2013 16:07
За најплатен актер од јуни 2012 до јуни 2013, е прогласен 48 годишниот Роберт Дауни Јуниор кој заработил околу 75 милиони долари според годишната листа на најплатени глумци на Форбс.
Најголемиот дел од заработката на ѕвездата на серијалот „Ајронмен“ дошол од неговата улога во „Одмаздници“ (Avengers), бидејќи во договорот бил вклучен и процент од нето-заработката на филмот на киноблагајните.
Филмот, кој е трет по заработка на сите времиња, „собрал“ 1.500 милијарди низ целиот свет. Роберт успеал да го победи главниот конкурент 33-годишниот Ченинг Тејтум, кој заработил 60 милиони.
Трет на листата е ѕвездата на „Клетници“ (Les Miserables) Хју Џекмен, кој по успешната година во џеб ставил 55 милиони долари, пред 42-годишниот Марк Валберг со 52 милиони.
Меѓу топ десетте најплатени актери се и Леонрадо ди Каприо, Адам Сендлер, Том Круз, Дензел Вашингтон, Лиам Нисон и Двејн Џонсон.
При составувањето на листата Форбс ги зема предвид хонорарите, учеството во заработката, спонзорствата и рекламите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





