18 Март, 2025
0.0348

„СОБРАНИ СЕ ДНК МАТЕРИЈАЛИ ЗА СПОРЕДБА“: Станков вели приоритет се обдукциите и идентификацијата за да можат роднините да ги подигнат телата

Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 10:29

Добивај вести на Viber

Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може роднините да си ги подигнат телата, кажа Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, во врска со обдукциите на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано утрото во неделата.

Тој подвлече дека постапката ќе биде завршена, тогаш кога ќе заврши обдукцијата и идентификацијата на сите тела. Затоа што, како што рече, идентификацијата не се извршува само со обдукција, туку и со ДНК анализи. Станува збор за два паралелни процеса.

- Работиме со планирано темпо. Паралелно се вршат и обдукција и ДНК анализи. Собрани се ДНК материјали за споредба, од роднините на починатите. Очекуваме брзо да се заврши работата. Не може точно да се каже кога, приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може телата да си ги подигнат роднините - нагласи Станков.

Можеби ќе ве интересира

СТОЈМЕНОВА-ДУХ: Aко верувам во некој, верувам во словенечките доктори

СТОЈМЕНОВА-ДУХ: Aко верувам во некој, верувам во словенечките доктори

СНИМАЛЕ СО ДРОНОВИ: Новинари приведени на собирите во Скопје и Кочани

СНИМАЛЕ СО ДРОНОВИ: Новинари приведени на собирите во Скопје и Кочани

(ГАЛЕРИЈА) УМИРАМЕ ОД КОРУПЦИЈА: Ваква порака упатија граѓаните до властите

(ГАЛЕРИЈА) УМИРАМЕ ОД КОРУПЦИЈА: Ваква порака упатија граѓаните до властите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Луѓето во Скопје, Кочани и во другите градови оддадоа почит на загинатите во пожарот во „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Луѓето во Скопје, Кочани и во другите градови оддадоа почит на загинатите во пожарот во „Пулс“

ПОМОШ ОД ПОЛСКА: Двајца повредени од пожарот во Кочани се пренесени во оваа земја

ПОМОШ ОД ПОЛСКА: Двајца повредени од пожарот во Кочани се пренесени во оваа земја

МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ: Забрането е летање дронови во Кочани и Штип

МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ: Забрането е летање дронови во Кочани и Штип

МУ ВПЕРИЛ ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ: Ученик во велешко училиште со лисици врзал соученик

МУ ВПЕРИЛ ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ: Ученик во велешко училиште со лисици врзал соученик

ПРОТЕСТ ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат слобода за приведените кои спасувале млади луѓе во дискотеката „Пулс“

ПРОТЕСТ ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат слобода за приведените кои спасувале млади луѓе во дискотеката „Пулс“

(ФОТО) МОЛК И СВЕТЛА: Бројни граѓани на скопскиот плоштад оддаваат почит на загинатите во Кочани

(ФОТО) МОЛК И СВЕТЛА: Бројни граѓани на скопскиот плоштад оддаваат почит на загинатите во Кочани