19 Мај, 2024
0.0349

Натегања во Собранието за законот со кој треба да се купат 800.000 дози на Фајзер

Објавено во: Македонија 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Опозицијата во Собранието не ги поддржува измените во Законот за јавни набавки по скратена постапка за кој се расправа на дневен ред и со кој што надлежниот државен орган кој ќе набавува вакцини и ќе го склучува Договорот за јавна набавка, ќе може да плати и аванс поголем од 20 отсто на производителот, без притоа да мора да обезбеди банкарска гаранција.

Главна причина за ова е вакцината на компанијата Фајзер, за која земјава веќе склучи договор за нејзина набавка во количина од 800.000 дози, но можеби и вакцини на други компании, со кои исто би направиле договор за набавка на вакцини за имунизација на населението.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се противат на ова затоа што сметаат дека министерот за здравство Венко Филипче сака да ги злоупотреби овие измени, бидејќи како што велат пратениците, веќе платил 12,5 милиони долари за фантомска фирма да набави 200.000 дози на кинеската фирма Синофарм.

Како што велат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче и платил 12,5 милиони долари на новоформираната фирма со само тројца вработени позната како „Стабри интернешнал“ која требало да посредува преку Хонг Конг. Сумата за една вакцина би била 60 долари, наспроти стандардната цена на кинеската вакцина која на пазарот, според нив, изнесува најмногу 30 долари.

А, еве што говори клучната новина која ќе биде додадена на Законот за јавни набавки.

„.....Договорниот орган од класичниот јавен сектор може да предвиди аванс поголем од 20 отсто од вредноста на договорот без обврска за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање од носителот на набавката во постапките за јавни набавки кои се директно поврзани со справувањето со пандемии или епидемии на заразни болести“, се вели во членот кој се додава во законот.

Односно, со овој член ќе се овозможи исплата на аванс поголем од 20 отсто од вредноста на договорот и ослободување од обврската за обезбедување гаранција за авансно плаќање и тоа ќе важи за постапките за јавни набавки кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемии или епидемии на заразни болести.

Инаку, на 4 јануари годинава, министерот за здравство Венко Филипче објави дека токму тој ден утрото бил дефиниран договорот со фармацевстскиот производител Фајзер, од кого Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид 19. 



Можеби ќе ве интересира

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри