25 Ноември, 2024
0.0283

ВЛАДАТА ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - за вакцини може да се исплати аванс и поголем од 20 отсто без банкарска гаранција

Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Владата го менува Законот за јавни набавки на земјава, а измените ќе одат по скратена постапка.

Клучната новина ќе биде што надлежниот државен орган кој ќе набавува вакцини и ќе го склучува Договорот за јавна набавка, ќе може да плати и аванс поголем од 20 отсто на производителот, без притоа да мора да обезбеди банкарска гаранција.

Главна причина за ова е вакцината на компанијата Фајзер, за која земјава веќе склучи договор за нејзина набавка во количина од 800.000 дози, но можеби и вакцини на други компании, со кои исто би направиле договор за набавка на вакцини за имунизација на населението.

Тоа не можеше да се направи без овие законски измени.

Како што е познато, сегашниот Законот за јавни набавки на земјава почна да се применува од 1 април 2019 година. Тој претходно се „крчкаше“ долг период, со цел да се донесе модерен и европски закон, а својот став го кажаа и сите бизнис асоцијаци, но и сите други засегнати страни.

Од Владата, која ги предлага законските измени, признаваат дека сегашниот нов закон е добар, како и дека неговата примена доведе до зајакната контрола и поедноставни постапки кои го намалија просторот за злоупотреби во трошењето на јавните средства, од една страна, но и со полесен и поефикасен процес на вршењето на јавни набавки, од друга страна.

Сепак, велат оттаму, состојбите со пандемијата со коронавирусот во 2020 година создадоа бројни предизвици, вклучително и во системот на јавните набавки. Иако законот предвидува механизми за вршење на јавните набавки во вакви вонредни околности, пандемијата доведе до големи нарушувања на глобалниот пазар, а со тоа и нарушување на понудата и побарувачката на средствата кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемијата.

„Одредени одредби кои се вообичаени при нормално функционирање на пазарот на јавни набавки во овие околности создаваат потешкотии и неможност за задоволување на потребите. Тоа особено е евидентно при набавката на вакцини против КОВИД-19, при што Република Северна Македонија мора да ги искористи сите можни канали за снабдување, вклучително и директни контакти со производителите. Во овие услови, одредбите кои се предмет на дополнување не може да се применат и потребно е да се предвиди флексибилност во делот на исплата на аванс, согласно со воспоставената практика на производителите на вакцините на глобално ниво“, се вели во владиното образложение.

А, еве што говори клучната новина која ќе биде додадена на Законот за јавни набавки.

„.....Договорниот орган од класичниот јавен сектор може да предвиди аванс поголем од 20 отсто од вредноста на договорот без обврска за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање од носителот на набавката во постапките за јавни набавки кои се директно поврзани со справувањето со пандемии или епидемии на заразни болести“, се вели во членот кој се додава во законот.

Односно, со овој член ќе се овозможи исплата на аванс поголем од 20 отсто од вредноста на договорот и ослободување од обврската за обезбедување гаранција за авансно плаќање и тоа ќе важи за постапките за јавни набавки кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемии или епидемии на заразни болести.

Инаку, на 4 јануари годинава, министерот за здравство Венко Филипче објави дека токму тој ден утрото бил дефиниран договорот со фармацевстскиот производител Фајзер, од кого Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид 19.  

„Министерот за здравство д-р Венко Филипче,  во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, наведоа тогаш од Министерството за здравство.

Премиерот Зоран Заев, пак, потоа изјави дека очекува регуларна испорака на прва, втора, трета и четврта испорака на вакцините кои што владата директно ги договори со компанијата Фајзер. Или, ако првите 5.850 дози од овие вакцини треба да стигнат во февруари, во март треба да дојдат уште 17.550 дози, а најмалку толкава количина се очекува и во април. 

Инаку, пред околу еден месец, премиерот во гостување на една телевизија објасни дека земјава можела да набави вакцини и директно од Фајзер, но тоа ќе значело кршење на законите. Сепак, тој тогаш нагласи дека кога се работи за здравјето на граѓаните, власта е подготвена и да ги смени законите.

„Можевме ние да набавиме и директно од Фајзер, имаме комуникација, држава сме сега, но од ‚Фајзер рекоа  - да, ама да оди преку директен договор. А според нашите закони, нема директен договор, туку мора да се распише тендер. Сето друго е кривично кршење на законот, законот не оставил можност за тоа, туку оставил можност еве вака, преку аванс, учество во колективни системи. Нормално, ако е за здравјето ќе го смениме законот, но сега ги имаме сите овие аспекти, прво Ковакс системот, има доволно вакцини, потоа Грција, нарачувајќи за себе, нарача и за Северна Македонја и Албанија, и сите можности кои се отвораат, како за сите земји, така и за нас“, рече тогаш Заев. 

Нина Нинеска-Фиданока

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик