19 Декември, 2025
0.0219

Собранието „бомбардирано“ со боја

Објавено во: 04 Јуни, 2016 20:49

Добивај вести на Viber

Демонстрантите вечерва со катапулт фрлаа боја врз фасадата на Законодавниот дом.

На протестот попладнево се појави и гатачка. Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ имаше голем број на полицајци. „Трпението ни е при крај, најавуваме радикализација, можеби нема да не има во 18, но ќе не има секој ден што помасовно“ , порачуваат демонстрантите од „Шарената револуција“.

Масовен протест се најавува за понеделник во 18 часот пред СЈО. Протестите траат два месеци против аболицијата на претседателот, Ѓорѓе Иванов.