26 Април, 2024
0.0764

Софија Богева: Јавните површини може да се унапредат со активно учество на заедницата

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Неизбежно е кога ќе прошетате низ централното градско подрачје да наидете на рунирани и недовршени градежни површини, заборавени простори кои тонат во ѓубре и непристапни предели кои некогаш според градските планери биле замислени како заеднички и отворени простори за движење, комуникација и поудобно градско живеење на Скопјани. Еден мал чекор ќе направи Скопје Лаб преу работилница за унапредување и ревитализација на три точки во централниот дел на градот кои ќе треба да бидат оплеменети со нови содржини и да ја вршат својата функција. За плановите и концептите кои ќе треба да ги понудат учесниците на работилницата водени под менторство на врвни архитекти Сара Симоска, Никола Ѓорѓиевски и Ирена Милојеска и еден електроинжењер, во полето на енергетска ефикасност, Владимир Ѓоргиевски, разговараме со Софија Богева од Скопје Лаб.

Фактор: Со рапидната и неконтролирана урбанизација голем број на јавни површини во Скопје се узурпирани со што се намали квалитетот на живот. Како вашата работилница ќе даде придонес кон промена на овие состојби?

Богева: Ова е втора фаза од иницијативата чија цел е подобрување на состојбата на јавни површини во Скопје, преку зголемување на зеленилото и обезбедување поквалитетни јавни места за граѓаните. Земајќи еден партиципативен пристап кој се базира на ко-креирање со крајниот корисник, овие работилници ќе обезбедат не само креирање на концепти согласно потребите на граѓаните, туку и отвараат можности за поактивно вклучување на младите во општествениот живот и генерално кон зголемување на свесноста кај јавноста за отвореноста на дел од институциите за соработка во вакви иницијативи.

Крајниот резултат од работилниците ќе им обезбеди целосно дефинирани концепти за неколку локации (концепт за идејно решение и предлог модел за одржување) кои ќе може Градот Скопје понатаму полесно да ги имплементира и одржува.

Фактор: Вие предвидовте изработка на концепт решенија за три локации меѓу кои Парк Форум, дворот на студентскиот дом Гоце Делчев и Плоштад Балет. Зошто токму овие локации и што очекувате од кандидатите?

Богева: Во претходната фаза на креирање на концепти, тимот на Скопје лаб доби повеќе од 70 нови предлози за локации, меѓу кои беа и овие три. Изборот на овие локации беше базиран на критериуми како: запуштен простор кој нуди огромен потенцијал за локалните жители да заборават на урбаниот аспект на градот, простор кој е често посетуван и простор кој може да ги ублажи влијанијата на урбаните топлотни острови.

Од кандидатите очекуваме посветеност, желба да се пренесе знаењето и вештините и желба за соработка и придонес за подобар град.

Фактор: Во работилницата ќе бидат ангажирани тројца успешни архитекти и еден електроинженер како ментори. Какво е нивното искуство во збогатување на јавните простори и какво знаење ќе им пренесат на учесниците?

Богева: Сите ментори кои се вклучени во работилниците имаат претходно искуство во фасилитација на вакви настани и особено искуство и знаење во дизајнирање на зелени јавни површини. Како пример би ја посочиле менторката Сара Симоска, која активно работи на културно оплеменување и реанимирање на јавни површини и е позната п о нејзината работа со организацијата МЕЛЕЕМ, каде главниот фокус е активно вклучување на локалното население.

Фактор: Која би била следна фаза по завршување на работилницата, дали концепт решенијата ќе се спроведат?

Богева: По завршување на работилницата, концепт решенијата ќе бидат презентирани пред надлежните во Град Скопје и локалното население со цел добивање на фидбек. По имплементација на фидбекот, и согласно буџетската рамка на концептот, Градот Скопје ќе осигура финансиски средства со кои, како и во претходната фаза, ќе поддржи изработка на идејни решенија и делумна имплементација на решенијата. Останатиот дел потребни средства за имплементација и одржување ќе бидат обезбедени од приватниот сектор преку различните пристапи за формирање партнерста кои Скопје Лаб ги користи и оджува.

Фактор: Како да се постигне поголема вклученост на експертите, граѓаните и младите во урбаното планирање, има ли слух кај локалната власт и како да се спречи понатамошно уништување на квалитетот на живот во Скопје за сметка на профитот?

Богева: Град Скопје со тоа што веќе ја поддржа фаза на оваа иницијатива за редизајн на јавни површини, докажа има слух и е отворен за вакви иницијативи кои помагаат во подобрување на квалитетот на живот. Сепак потребна е поголема поддршка на вакви иницијативи од самите граѓани, особено нивен поактивен придонес во промоција на ваквите иницијативи и во идентификување на можности за градење на партнерства со други организации кои работат на темата. Особено важно е покрај Град Скопје, другите локални власти поактивно да се вклучат и да дадат поддршка во ваквите иницијативи и особено да поттикнуваат локални акции за подобрување на јавни површини во своите општини.

Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот