„СОЛ ГРУП 5“ ПОЧНА ДА ИМА ОБРТ: Фирмата во која има удел и сопругата на експремиерот Ковачевски работи, но ја нема во регистарот со лиценци
Објавено во: Економија 25 Јули, 2025 08:10
По три години финансиска стагнација, „Сол Груп 5“, фирмата во која еден од основачите е Елена Ковачевска, сопруга на актуелниот пратеник и поранешен премиер Димитар Ковачевски почна да има обрт – Лани забележале приходи од 838 илјади денари, а расходи од 492 илјади, со што, останала и добивка од 345.000 денари.
Не се знае дали приходот на фирмата е од друга дејност, бидејќи „Сол Груп 5“ ја нема во регистарот на компании кои имаат лиценца од Регулаторната комисија за енергетика. Во фирмата, според официјалните податоци, нема ниту еден вработен.

„Сол Груп 5“ исто
така си го има откупено земјиштето во Радовиш од 1.119 метри квадратни, кое
беше државно земјиште, а за кое додека Ковачевски беше премиер, Владата ја
задолжи општината Радовиш да го продаде на фирмата во која удел има и
Ковачевска. На тоа место требаше да се гради фотоволтаична централа со
капацитет од 1,8 мегавати.
Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпиша тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, а Ковачевски тврдеше дека се изземал од гласање и не учествувал на седницата.
Освен Ковачевска, сопственици во „Сол Груп 5“ се Димитар Тренчев, кој на фирмата и има продадено свое земјиште, Кирил Паунов, син на кумот на Ковачевски, како и Светлана Тунџева, сопруга на Борис Тунџев, ексдиректорот на Агенцијата за катастар на недвижности и Здравко Тумбоски, син на бизнисменот Загорац Тумбовски. Управител на Фримата е Паунов. Фирмата според официјалните податоци, нема ниту еден вработен.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




