„Сончев град“ ќе почне да се гради дури следната година
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2019 09:51
Есер Џевахир, инвеститорот на „Сончев град“ изјави дека елитната населба на Водно ќе започне да се гради следната година.
- Она што досега е извршено е еден милион метри кубни ископ. Можам да кажам дека се направени првичните подговотвки на земјиштето на кое што се наоѓаме за започнување со работа и изградени се патиштата за движење во парцелата. Планираме да започнеме во првата половина на 2020 година - истакна инвеститорот на прашањето на „24 Инфо“ до каде е проектот кој треба да се реализира крај Сопиште, а за расчистување на теренот беше исечена огромна површина на шума.
Долгонајавуваниот елитен комплекс Сончев град, прво ќе добие една станбена зграда и 75 луксузни куќи кои според проектот ќе имаат наjмалку три ката. Во тек се подготвителни работи околу стартот на градежните активности, се пробиваат мали споредни улици во населбата, а регионалниот пат во должина од 4,5 километри за поврзување на Скопје со Сончев град, треба да се заврши следната година. Министерството за транспорт и врски веќе распиша тендер за изградба на канализација.
Инвеститор на елитната населба е турската компанија „Џевахир холдинг”, која ги гради и висококатниците во населбата Аеродром. Сончев град ќе опфаќа површина од 85 хектари, а „Џевахир холдинг” има обврска на 51 отсто од парцелата за населбата да изгради куќи.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




