СОПИШТЕ ЗАБОРАВЕНО: Реконструкцијата на патот дури после избори!
Објавено во: Економија 12 Март, 2016 09:35
„Чиста среќа е што, досега немаше поголеми проблеми на овој пат. Инаку, тука еднаш веќе се преврте камион. Среќа немаше жртви. Но, никој не се грижи. Го оставија патот така“, вели еден од жителите на оваа населба.
„Дојдоа од Владата тука, се шетаа, видоа и си заминаа. А постојано се фалат дека прават патишта. Еве гледаме колку градат. Нека дојдат тука да возат секој ден, па да видат колку градат, да видат како е да се вози по патиштата кои тие велат дека ги градат“, додава друг жител.
„Копаа, прекопуваа. Ставаа канализација. Ама изгледа нешто згрешија, па повторно пак копаа. И оставија вака, кога врне станува се полошо. Едната лента целосно ја нема. Само во една возиме. А цел пат е кривини, додава жител на Сопиште.
Проблемите со овој пат настанаа, кога поради изградба на фекална каналзиација за населбата Сончев град, едната лента од овој регионален пат беше целосно ископана, и наместо патот да се врати во првобитната состојба, беше поставен асфалт, кој за многу краткко време повторно целосно е инуштен, а патот е комлетно пропаднат.
За овој проблем, кој со месеци се провлекува, Фактор пишуваше и минатата година во септември, а тогаш од Министерството за транспорт и врски посочија дека патот ќе биде готов за две недели. Но, очигледно е дека санирањето беше направено само површно, бидејќи делот што тогаш беше асфалтиран за кратко време повторно пропадна, но остана и дел од патот кој воопшто не беше асфалтиран.
На овој пат, работеше градежната компанија Жикол, која со Министерсвото за транспорт и врски на 15 август 2014 година склучи договор за изгрдба на фекална канализација во населено место Сопиште и локалитет „Сончев Град“ и одведување на отпадните води низ општините Аеродром и Кисела Вода по принцип „клуч во раце“. За овој договор Жикол ќе добие близу 4,8 милиони евра, а работата требаше да ја заврши за 18 месеци, односно во јануари годинава.
Министерството за транспорт и врски, во септемрви 2014 година, за сума од 95 илјади еврасклучи и договор со фирмата ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.ДОО Скопје , која треба да врши надзор над работата Жикол.
Останува нејасно, кој и зошто дозволи регионалниот пат кој општина Сопиште ја поврзува со градот Скопје да остане цела година во катастрофална состојба, и зошто ниту Министерството за транспорт и врски, и покрај серијата апели и укажувања, ниту компанијата избрана да врши надзор врз работата на Жикол, не превзема мерки, со кои патот ќе мора да биде вратен во нормална состојба, а не целиот да биде оставен во состојба која е далеку од безбедна за сообраќај.
Светска банка:Македонија не одвојува доволно пари за одржување на патиштата
И додека изминативе месеци власта постојано посочува дека е започната инфраструктурна офанзива со изгрдба на неколку автопати, вредни една милијрда евра, Светска банка предупредува дека земјава не одвојува доволно пари за одржување на патиштата. Оттаму нотираат дека се започнати сериозни инвестиции во инфраструктурата, но исто така предупредуваат дека, не одвојуваме доволно пари за постоечката инфрастртруктура, која посред банката дури 60% е во лоша состојба.
Токму таков е примерот со регионалниот пат во Сопиште, односно, додека власта се фали со милијрда евра инвестиции во автопати, посочениот регионален пат, кој го користат десетина илјади граѓани, веќе една година е оставен да пропаѓа.
С.Н.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




