19 Декември, 2025
0.0470

Сопругата на министерот Фатмир Бесими „инвестираше“ 220.000 евра за нецела година

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2023 07:50

Добивај вести на Viber

Сопругата на министерот за финансии Фатмир Бесими купила и инвестирала во имот со вредност поголема од 200.000 евра за нецела 2023 година. Ова го покажуваат ажурираните податоци од анкетниот лист на владиниот функционер кај Државната комисија за спречување на корупција.

Во она што како најново го пријавил Бесими како имот на брачен другар се инвестирани 3.916.100 денари, или околу 65.000 евра во купување на 1.342 акции во текот на оваа година. Сопругата го следела министерот, кој се стекнал минатата година со 702 акции во вредност од 3.408.940 денари.

Поубавата половина на Бесими годинава се подновила и со Ауди Q5. Луксузниот SUV модел, произведен само една година претходно, е запишан со вредност од 3.769.800 денари, а тоа би биле 61.000 евра.

Брачниот партнер на чуварот на државната каса во текот на 2023 има орочено девизен депозит од 41.532 евра, а истовремено во нејзиното „инвестициско портфолио“ стојат и 3.300.000 денари (околу 55.000 евра) како орочен денарски депозит.

Интересно е тоа што додека понежната половина на Бесими купувала подвижен имот и вложувала во капитал, самиот министер бил пасивен и годинава не покажал интерес за такви активности.

Од Министерството за финансии се јавија со реакција дека не станува збор за нова имотна состојба, односно дека станува збор за промена на структурата на имотот од претходен период која била регистрирана оваа година.

- Нема промена во пријавениот вкупен имот на министерот во анкетниот лист, односно на самата вредност. Промената е направена во рамки на ставките на анкетниот лист, а не во вкупната вредност, велат од министерството.

Овие евиденции од околу 220.000 евра го прават далеку „потежок“ анкетниот лист на министерот Бесими кој беше назначен на својата функција од Владата во 2020-та. Претходно тој на по два пати беше министер за економија и вицепремиер за економски прашање, а еднаш беше и вицегувернер на Народна банка.

Сепак, за пофалба е тоа што министерот се одлучил воопшто да го ажурира својот анкетен лист откако веќе еднаш го пријавил, затоа што многумина функционери тоа ретко го прават.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии