19 Декември, 2025
0.0511

Сопругата на рударскиот бос Тоневски стана директорка на Агенцијата за пошти

Објавено во: Економија 14 Август, 2025 14:39

Добивај вести на Viber

Сопругата на Тони Тоневски, кој лани во октомври стана директор на рудникот „Булмак 2016“, е назначена за нов раководител на Агенцијата за пошти, тело кое го регулира работењето на АД Пошта, како и на другите поштенски оператори во земјата.

Марина Тоневска од Пробиштип од крајот на минатата недела е назначена за директорка на ова регулаторно тело на местото на Сретен Миладиноски, кадар на претходната власт.

Сопругот Тонески е поранешниот градоначалник на Пробиштип во два врзани мандати, а во моментов повторно е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на истата општина на следните локални избори.

Во меѓувреме стана и раководител на рудникот за олово и цинк од Пробиштип и Крива Паланка, кој ги има рудниците Злетово и Тораница, а е под концесија доделена на бугарскиот Минстрој Холдинг.

Тоневски е претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип, а едно време беше и технички директор во Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем „Злетовица“ - Пробиштип. Од 2008 до 2009 е директор на Управата за водостопанство во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Рудникот раководен од Тоневски изминатата пролет се најде во центарот на вниманието на еколошката јавност по хаваријата во рудникот „Тораница“, од каде се излеа технолошка вода во Крива Река. При тоа тој и рудникот тврдеа дека во реката не е излеан цијанид и други тешки метали.

Претходно, професорот Миладиноски на почетокот на минатата година беше избран за директор на Агенцијата за пошти како кадар на ЛДП и поранешен мнозински сопственик на кичевската мелничко пекарска индустрија „Жито Караорман“

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии