Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“
Објавено во: Економија 22 Април, 2024 10:40
Татјана Стерјева, сопственичката на втората најголема веледрогерија во Македонија „Еурофарм“, го презеде раководењето и на градежното претпријатие „Пелистер“ во Битола, чиј долгогодишен менаџер до скоро беше нејзиниот од неодамна покоен татко Силјан Мицевски.
Битолската градежна компанија „Пелистер“ во периодот од 2014 година до 2017 година оствари приход од 70 милиони евра и добивка од 8,31 милиони евра, најмногу поради ангажманите во јавните набавки на АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола, но во последните години не е меѓу најуспешните битолски претпријатија, а приматот во оваа дејност му го зеде „градскиот ривал“ Марковски Компани.
Битолски „Пелистер“ е голема градежна компанија, за македонски прилики, која често е ангажирана на ископи на јаглен и јаловина за најголемиот македонски производител на електрична енергија РЕК „Битола“. Со своите финансиски резултати „Пелистер“ влегува во групата најголеми градежни домашни компании со посед на многубројна механизација.

Стерјева е основач, сопственик и генерален директор на „Еурофарм Битола“. Ова друштво во своите аптеки во 2022 оствари приход од 40,5 милиони евра. Во „Пелистер“ ќе биде сопственик заедно со други физички лица.

Мицевски (78), најпознатиот бизнисмен од Битола и поранешен градоначалник на градот, почина во декември лани. Беше градоначалник на Битола во периодот од 1996 – 2000,
Поседуваше капитал во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Според информациите тој и неговата ќерка се акционери и имаат удели во повеќе друштва.
Како еден од највлијателните бизнисмени во Југозападниот дел и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво, поседуваше и недвижности во Битола, Охрид ,Скопје и други градови во Македонија.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




