19 Декември, 2025
0.0369

СОПСТВЕНИЧКИ ПРОМЕНИ: Првиот човек на „Алкалоид“ Живко Мукаетов се стекна со 200 обични акции на компанијата

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023 12:46

Добивај вести на Viber

Генедралниот директор и претседател на Управниот одбор на нашата најголема домашна фармацевтска компанија „Алкалоид“, Живко Мукаетов, се стекнал со 200 обични акции од акционерското друштво со кое раководи.

За оваа промена во сопственоста извести самата компанија преку Македонската Берза. 

„Известуваме дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 200 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје“, се вели во објавата од акционерското друштво до инвеститорската јавност. 

Ноедамна, односно конкретно на 11 минатиот месец, а како што објави Фактор, на Берзата помина блок трансакција, на која беа продадени на познат купувач 136 акции на „Алкалоид“, по цена од 17.550 денари за акција, или вкупната вредност на трансакцијата беше близу 39 илјади евра. Дали и овие акции се дел од тие 200 со кои се стекнал првиот човек на „Алкалоид“, засега тоа останува само во зоната на претпоставките. 

Инаку, во моментов на редовното тргување на Македонската берза, акциите на оваа успешна фармацевтска компанија се продаваат по цена од 17.580 денари за акција. Или, според пресметките, 200 акции на компанијата во моментов вредат околу 57 илјади евра. 

Кога раководители и менаџери купуваат акции од одредена компанија, тоа значи дека тие имаат доверба во бизнисот, како и во перспективите на компанијата со која раководат, а тоа вообичаено е и сигнал за другите инвеститори на пазарот на капитал.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии