20 Декември, 2025
0.0413

Сорос: ЕУ се соочува со „бавна смрт“ на економијата

Објавено во: Свет 05 Април, 2013 14:16

Добивај вести на Viber

Американскиот милијардер Џорџ Сорос оцени дека ЕУ се соочува со „бавна смрт“ на нејзината економија, додека во исто време Јапонија се обидува да го избегне тоа со „опасната“ нова монетарна експанзија.

Според Сорос, Јапонија веќе 25 години полека умира економски и сега наеднаш се разбуди.

- Она што фасцинира е дека острите мерки за кратење на буџетот во ЕУ, ја водат еврозоната во истата таа ситуација од која Јаапонија сега се обидува да побегне, вели познатиот американски инвеститор, забележувајќи дека јапонската бавна смрт беше модулирана од Јапонците, како што сега скратувањето на буџетот е модулирано од ЕУ.

Сорос вели дека обично се мисли оти луѓето се учат на туѓите грешки, но разочарано констатира дека политичарите во ЕУ го прават спротивното и почнуваат со она од што Јапонците бегаат.

Реакцијата на Сорос доаѓа откако Јапонија покрена еден монетарен експеримент за да се удвои масата од пари во оптек во следните две години, пуштајки во оптек дури 1,4 билиони долари. Намерата на овој, според Сорос, опасен експеримент е да се покрене раст на јапонската економија.

Тој оценува дека тоа за Јапонија е опасно затоа што доаѓа по 25 години и смета дека треба да се направи се што е можно за да се избегне европската ситуација која беше налик на она што Јапонците сега го прават.

Сорос верува дека дефлаторните движења создаваат невработеност и неискористен капитал, бидејки инвеститорите од страв „седат на парите“ и не ги вложуваат чекајќи на поповолна ситуација.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја