18 Мај, 2024
0.0276

Сорос најави подготвеност да инвестира 1 милијарда долари во Украина

Објавено во: Свет 30 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Милијардерот и основач на „Отворено општество“ Џорџ Сорос е подготвен да инвестира во Украина 1 милијарда долари, ако западните земји не им потпомогнат приватните инвестиции во земјата, информира „Ројтерс“.

Во интервју за австрискиот весникDer Standard“ тој исто така ги одредува шансите Грција да излезе од еврозоната за околу една третина. Минатата недела оваа веројатност според него беше 50 проценти.

Сорос пред тоа ги повикал западните земји да ја зголемат помошта за Украина, изложувајќи чекори кон финансиски пакет од 50 милијарди долари, кој според него треба да биде разгледан како заштита против се повеќе агресивната Русија. Според него приватните инвестиции во економијата на Украина треба да се искористат со политичката поддршка на САД и ЕУ, кои ќе гарантираат дека ќе сторат сé за спроведувањето на договорите од Минск.

„Западот може да им помогне на Украина, со зголемена атрактивност на инвеститорите. Потребно е осигурување за политички ризик. Тоа може да е во форма на заедничко финансирање за каматите на ЕУ - многу блиску до нула“, изјавил Сорос во интервјуто.

Запрашан дали е подготвен да го следи примерот на Бил Гејтс, кој инвестира милијарди долари во развојот на Африка, Сорос одговорил потврдно. Јас сум подготвен. Имам конкретни инвестициски идеи, на пример земјоделски и инфраструктурни проекти. Би можел да инвестирам 1 милијарда долари. Ова треба да го генерира профитот. Фондацијата ќе има корист од тоа. На приватната посветеност и треба силно политичко раководство“, додал тој.

Сорос повеќепати ја повика ЕУ да посвети дополнително финансирање за Киев и укор од Брисел дека се одложило решението за проблемот со Грција. На крајот на јануари тој ја објави статијата во која ја повикува Европа да помогне во создавањето на просперитетна“ Украина, а во далечна иднина и на нова Русија. Тогаш тој предвидел дека на Киев му требаат 15 милијарди долари помош.

Во интервју заBloomberg“ Сорос изјавил дека Ангела Меркел и Франсоа Оланд би можеле да учат од рускиот претседател Владимир Путини да покажат тајна поддршка на една од страните во украинскиот конфликт. Според него европските лидери можат да испратат материјална помош за Киев, но да се одречат од ова јавно.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата