20 Декември, 2025
0.0410

Сорос порачува да се воведат еврообврзниците- Меркел игра на „картата време“

Објавено во: Свет 11 Април, 2013 10:28

Добивај вести на Viber

После оценката на Џорџ Сорос дека Германија треба да ги дозволи еврообврзниците или да го напушти еврото, аналитичарите сметаат дека Ангела Меркел сеуште игра на „картата време“. -Еврообврзниците треба да бидат прифатени или напуштете го еврото, бидејќи и за Европа и за Германија така би било подобро, отколку вака да се продолжи“, изјави Сорос во Центарот за финансиска студија на Гете Универзитетот во Франкфурт, оценувајќи дека само активната Германија може да ја надмине кризата. По предлогот на Сорос дека и без Германија можат да се воведат еврообврзници, таа тема денес повторно стана актуелна во Германија. -Прашање е кога ќе дојде времето кога Меркел ќе ја промени својата тактика и ќе ги воведе еврообврзниците“, изјави аналитичарот во лондонскиот „Дејли Телеграф“, Џереми Вонер, пренесуваат германските медиуми, наведувајќи дека тој важи за еден од најпочитуваните финансиски коментатори. Ворнер оцени дека без една детална реформа еврото нема да преживее. -Зошто германската канцеларка Ангела Меркел, без која во Европа ништо не може да се одлучи, е категорично против еврообврзниците“, пишува германскиот таблоидот Билд и самиот одговара дека тоа е така „бидејќи таа најдобро знае“. -Таа знае дека Уставниот суд никогаш не би ги прифатил еврообврзниците, бидејќи германската одговорност за долговите на државите од еврозоната носи непроценлив ризик“, вели овој таблоид, проценувајќи дека „Меркел знае“ и со само едно „не“ може во „црно-жолтата“ коалиција да ги смири евро критичарите. Меркел минатото лето на состанокот со коалициските партнери, либералите, изјави дека, додека таа е жива нема да постојат еврообврзниците. Европската влада ја притиска Германија да се повлече од противењето на идејата за обединување на долговите на членките на еврозоната, преку издавање на заеднички еврообврзници, кои се споменуваат како решение за долгогодишната криза.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја