20 Декември, 2025
0.4613

„СОС“ со каша попара теорија - Сорос е крив за платформата и италијански служби

Објавено во: Македонија 29 Март, 2017 15:35

Добивај вести на Viber

Здружението Стоп операција Сорос и за албанската платформа како главен виновник го посочи милијардерот Џорџ Сорос преку неговата добротворна фондација Отворено општество. Секако, Сорос е виновен за сите проблеми во Македонија, но овој пат помош имал и од италијанските тајни служби, разузнавачот Зоран Верушевски, премиерот на Албанија Еди Рама и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

- Ваквата конекција ја потврди и поранешниот претседател на Врховниот суд на Албанија, Крешник Спахиу, кој јавно изјави дека Еди Рама погрешно изиграл со Заев, кој бил директно финансиран од Сорос, и дека е познато дека Сорос го финансирал прислушувањето во Македонија - истакна Никола Србов, еден од основачите на СОС.

Се започнало со процесот на незаконското прислушување на политичари, новинари и бизнисмени во Македонија, а истото наводно со години го воделе италијанските тајни служби.

- Според италијанскиот закон, во Италија прислушување за потребите на државата вршат неколку приватни компании кои имаат склучено соработка со италијанските власти. Од целиот континент, само во Италија опрема за следење на комуникациите може да купат и правни субјекти со специјална дозвола од италијанската влада. Индициите водат кон тоа дека Џорџ Сорос ја финансирал целата операција, од набавка на опремата до креирање на снимките - рече Србов.

Од СОС велат дека истите луѓе што стоеле зад прислушувањето сега стојат и зад тиранската платформа.

- Зад тиранската платформа стојат Еди Рама, Зоран Заев и Џорџ Сорос, додека албанските партии се само маша преку која се спроведува планот на Сорос во Македонија. Крајната цел е уривање на унитарноста на Р. Македонија и создавање бинационална држава која де факто претставува федерација - рече Србов.

Ваквите теории и тврдења на СОС звучат слично како и нивното име, каша попара, па проценете сами.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки