Соседите бараат работници-плата и до 5000 евра
Објавено во: Балкан 31 Мај, 2016
Можеби досега не сте слушнале за хрватската фирма „Индустриус“, но ако слушнете дека просечната плата им е 5000 евра, сигурно ќе ја запамтите.
На тоа дефинитивно ќе влијае фактот дека платите кои ги имаат нивните работници се целосно невистините за хрватските услови, со оглед на тоа дека се како во Швајцарија.
„Вистина е, просечната плата на нашите луѓе кои работат во Јужноафричката Република се 5000 евра. Таму во соработка со компанијата „IDS“ преку конзорциумот 'Micubiši-Hitači' учествуваме на термоелектраните Медупи и Кусиле“, рекла директорката на компанијата „Индустриус“ Миленка Барач, за Слободна Далмација.
Компанијата вработува 250 работници, а нјамногу во Африка одат да работат заварувачи, кои се најбарана работна сила.
„Индустриус“ во Подинама кај Шибеник гради голем погон кој би требало да проработи во мај 2017 а во кој се планира покренување на производство на процесна и енергетска опрема во која работа ќе најдат осумдесет работници.