18 Јули, 2025
0.0481

СОСЕДИТЕ МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ: сѐ повеќе работници остануваат без работа и во Германија

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2024 07:42

Добивај вести на Viber

Шпанија и Грција се на врвот меѓу земјите со најголема невработеност во Европа. Иако бројките на невработени граѓани во унијата опаѓаат последниве месеци, овие земји имаат висок процент на невработени. Спротивно на трендот во Европа, и Германија, која важеше за економскиот мотор на Европа, се соочува со раст на невработеноста.

Европскиот статистички центар „Евростат“ во последниот извештај нотира дека невработеноста во еврозоната е на најниско ниво исто како и минатиот месец. Имено, таа изнесува само 6,4 проценти, додека година претходно, или август 2023 изнесувала 6,6 отсто. Што се однесува до стапката на невработеност во унијата, таа е уште помала и достигнува 5,9 проценти во август, при што има намалување во споредба со претходниот месец, кога достигнувала 6 отсто.

Бројките говорат дека 13.027 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10.925 милиони во еврозоната, биле невработени во август 2024 година.

-  Во споредба со јули 2024 година, невработеноста е намалена за 108 илјади во ЕУ и за 94 илјади во еврозоната. Во споредба со август 2023 година, невработеноста е намалена за 142 илјади во ЕУ и за 233 илјади во еврозоната – укажуваат аналитичарите на „Евростат“.

ШПАНИЈА „ЛИДЕР“, ГРЦИЈА ЗАД НЕА

Бројките покажуваат дека најголема невработеноста има Шпанија, каде стапката на невработеност достигнува високи 11,3 проценти. Иако во споредба со истиот месец минатата година има намалување од 11,6 отсто, сепак за развиена земја ова е висока невработеност.

Веднаш зад неа според процентот на невработеност е нашиот сосед Грција, каде во август стапката достигнала 9,3 отсто. И соседите бележат пад, од 11,4 проценти минатата година во месец август, но и понатаму се соочуваат со висок процент невработени граѓани.

Трета на листата земји со најголема невработеност во унијата е Шведска со 8,4 проценти невработеност, додека веднаш по неа е Финска со 8,3 отсто невработени граѓани. Литванија и Естонија го делат петото место бидејќи и двете земји имаат ист процент невработени граѓани, односно стапката на невработеност изнесувала 7,9 отсто во август.

Германија, која важи за економскиот мотор на Европа, нема толку високи стапки на невработеност, но бележи раст. Имено, во август годинава стапката била 3,5 отсто, додека една година претходно само 3 проценти.

Чешка пак е земја која може да се пофали со најниската стапка на невработеност. Таму, согласно податоците кои ги објави „Евростат“невработеноста изнесувала само 2, 6 проценти. Потоа следува Полска со 2,9 проценти невработеност, па Малта со 3 проценти невработеност, и Словенија со 3,3 отсто невработени граѓани.


Од друга страна кај младинската невработеност, поточно во категорија граѓани под 25 години, во август во ЕУ имало 2.766 милиони без работа. Од нив 2.231 милиони млади лица биле во еврозоната. Во август 2024 година стапката на невработеност кај младите изнесувала 14,3 проценти во ЕУ, што е намалување од 14,5 отсто во јули 2024 година и 14,1 проценти во еврозоната, што е намалување од 14,2 отсто во претходниот месец.

-  Во споредба со јули 2024 година, невработеноста кај младите е намалена за 50 илјади во ЕУ и за 31 илјади во еврозоната. Во споредба со август 2023 година, невработеноста кај младите е намалена за 102 илјади во ЕУ, а за 128 илјади во еврозоната – посочуваат статистичарите.

Во август 2024 година, стапката на невработеност кај жените била 6,1 отсто во ЕУ, а стапката на невработеност кај мажите 5,7 проценти.

Во Македонија според последните податоци објавени од Државниот завод за статистика, невработеноста во второто тромесечие од 2024 година достигнала 12,5 отсто. Долги години нашата земја се бореше со многу повисоки стапки на невработеност, кои подолг период се намалуваат, но во споредба со Европа, ние и понатаму имаме висок процент на невработеност.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

НА 75 ГОДИНИ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР ЗАРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ: На место каде било дозволено 50, возел со 126 километри на час

НА 75 ГОДИНИ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР ЗАРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ: На место каде било дозволено 50, возел со 126 километри на час

ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ ЗА ПРИСТАП ДО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО - нова кампања за јакнење на земјоделството

ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ ЗА ПРИСТАП ДО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО - нова кампања за јакнење на земјоделството

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

Геодети ќе ги селат казината, обложувалниците и автомат клубовите подалеку од училиштата во Македонија

Геодети ќе ги селат казината, обложувалниците и автомат клубовите подалеку од училиштата во Македонија

АКО СТЕ РЕШИЛЕ ДА КУПИТЕ СТАР СТАН: Колку пари ќе ви требаат за реновирање?

АКО СТЕ РЕШИЛЕ ДА КУПИТЕ СТАР СТАН: Колку пари ќе ви требаат за реновирање?

ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ КАЧИ ПЕНЗИЈАТА: 1.000 денари на есен, 1.000 на пролет

ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ КАЧИ ПЕНЗИЈАТА: 1.000 денари на есен, 1.000 на пролет

„КОГА ДОЈДОВ ЗА ДИРЕКТОР, ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА СИТЕ ДЕЛНИЦИ БЕА ЗАМРЕНИ“: Трајановски открива во каква состојба ги затекнал „Државни патишта“

„КОГА ДОЈДОВ ЗА ДИРЕКТОР, ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА СИТЕ ДЕЛНИЦИ БЕА ЗАМРЕНИ“: Трајановски открива во каква состојба ги затекнал „Државни патишта“

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите од 2.000 денари

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите од 2.000 денари