Соседите не можат да најдат работници, никој не сака да работи на нивите
Објавено во: Агробизнис 05 Јуни, 2017 09:58
Соседите не можат да најдат сезонци за работа на нива, во фабрики и во трговијата.
Невработените одбиваат понуди поради ниските саатници, кои се движат од 150 до 200 динари, пишува Večernje novosti.1
„Потребни се работници за берење на јагоди, окопување на репки и компири, пребирање на кромид и утовар на сено. Кога наскоро ќе почне жнеењето на пченката, ќе може да се вработат од 800 до 1000 сезонци. Има работа и во фабриката за бисквите „Јафа“ во Црвенка, Индустријата за месо „Карнекс“ во Врбас, и фабриката за замрзнато овошје „АБЦ фуд“ во Руски Крстур“, се жалат тамошните директори на здруженијата.
Работите се доделуваат на договор од 120 дена и потоа се продолжуваат.Директорот на задругата „Оаза на кративот“ не спори дека дневниците се реално ниски, но истакнува дека сепак е подобро да се заработат, „отколку да се чекат да паднат од небо“.
„Се бега од работа за да се остане на социјална помош, се занимаваме со ситни измами или шверц и живееме на грбот на родителите“, вели Жељко Варгич.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





