06 Декември, 2025
0.2267

СОСЕДИТЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ: Од 12 октомври влез во Грција според новите правила на ЕУ

Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2025 16:06

Добивај вести на Viber

Грција е подготвена за спроведување на системот за влез и излез ЕЕС и ги исполни сите обврски и на централно и на оперативно ниво, со интегрирани 99 пунктови за пасошка контрола, информираат од кабинетот на портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, по добиениот одговор од надлежното Министерство за заштита на граѓаните на Грција.

Во однос на тоа колку е Грција подготвена за конкретниот систем што се воведува на 12 октомври и како точно ќе функционира, Маринакис рече дека „Грција се прилагодува на секој систем, што мора да го има една земја-членка, една држава-членка“, но и дека за повеќе детали дополнително ќе нè информиран откако ги добие потребните информации од ко-надлежните министерства.

Од кабинетот на портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис го пренесоа одговорт од Министерство за заштита на граѓаните кое е надлежно за граничните контроли, во кое велат дека со исполнување на сите обврски „и на централно и на оперативно ниво, со спроведените сите потребни технички тестови под целосна контрола на Комисијата и Агенцијата EuLISA“, Грција е подготвена за новиот систем.

– Од 12 октомври, Грција ќе интегрира 99 пунктови за пасошка контрола. На овие пунктови: инсталирана е целата опрема што се однесува на ефикасното функционирање на системот за влез и излез; испратен е информативен материјал до сите управни тела и до ко-надлежните министерства и извршени се посети за да се потврди подготвеноста и соодветноста на објектите и опремата, информираа од Министерството за заштита на граѓаните на Грција.

Новиот систем за влез и излез од ЕУ што од 12 октомври постепен ќе се воведен предвидува електронска евиденција на биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни записи за датумите на влез и излез.

Од макеоднското Министерство за внатрешни работи вчера информираа дека ЕЕС системот се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат за краток престој (до 90 дена во рамки на 180 дена), а ќе биде активен на сите надворешни гранични премини на 29 земји, меѓу кои се: Грција, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

- При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации. При следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка, информираа вчера од МВР.

Во периодот од октомври 2025 до април 2026 системот ќе се воведува по фази, што значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција, додека пак од 10 април 2026 година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.

Претседателот на Унијата на полицајци од Килкис Христос Карјотудис, за МИА пред неколку дена коментираше дека конкретно за копнениот граничен премин Евзони каде што најголемиот дел од патниците се од трети земји, системот можно е дополнително да ја отежни работата и функционирањето на самиот премин и дополнително да се зголеми времето на чекање, но сепак посочи дека персоналот е подготвени, а полицајците се обучени за употреба на системот.

Паралелно посочи дека добра околност е тоа што воведувањето започнува сега, а не во летниот период и ќе има време да се разработи. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии