09 Декември, 2025
0.0364

Сосиете женерал си оди, Штаермаркише Шпаркасе ја купува Охридска банка

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2019 12:34

Добивај вести на Viber

Штаермаркише Шпаркасе АГ ја купува Охридска банка Сосиете женерал груп. Аквизицијата ќе биде обелоденета денеска на настан кој веќе е закажан. Според информации на Фактор дел од највисокото раководство на банката од австриски Грац ќе соопшти кои се плановите по превземањето и со каква стартегија ќе настапуваат на пазарот.

Претпладнево или пред настанот од Охридска банка соопштија дека Сосиете женерал и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Шпаркасенплац постигнале договор со кој францускат абанка ќе ги бродаде 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка колку што во моментов поседува. Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите 

„Денес, управниот одбор на Охридска Банка прими од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка. Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања. Охридска Банка АД Скопје, Сосиете Женерал Груп, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти, стои во соопштението.  

Шпракасе веќе оперира во Македонија, откако во 2008 година ја купи Инвест банка. Одлуката за продажба на Охридска банка пак следуваше по објавата на Сосиете Женерал во текот на минатата пролет дека ќе се повлече од регионот на Источна Европа или од нестратегиските пазари каде банката не е во топ три банки според пазарниот удел, што значеше дека ќе се продава и банката во Македонија. Инаку познатиот банкарски играч француски Сосиете женерал ја купи Охридска банка во 2007 година.

Со овие промени и по ова превземање се прави значајно акционерско поместување во банкарскиот сектор во Македонија. Излегува познат банкарски играч, а се позиционира стар банкарски волк. Штаермаркише Шпаркасе постои два и пол века, не само во Австрија туку и во Југоисточна Европа.

Охридска банка оствари раст на добивката од 140 отсто во првото полугодиа лани. Пораснаа и приходите, а банката имаше и натпросечен раст на комерцијалните активности. Вкупните кредити забележаа раст од 10 отсто, а платежните трансакции пораснаа на девет отсто.

А.Т.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Мизо: „Костал“ ќе има извоз од 230 милиони евра и покрај кризата со автомобилската индустрија

Мизо: „Костал“ ќе има извоз од 230 милиони евра и покрај кризата со автомобилската индустрија

Клековски: Не доцнат исплатите за матичните лекари и породилните отсуства

Клековски: Не доцнат исплатите за матичните лекари и породилните отсуства

„ИЗИЏЕТ“ СО НОВИ СЕЗОНСКИ ЛЕТОВИ: Следното лето ќе се лета од Бодрум до Скопје и Сараево

„ИЗИЏЕТ“ СО НОВИ СЕЗОНСКИ ЛЕТОВИ: Следното лето ќе се лета од Бодрум до Скопје и Сараево

Се зголемиле девизните резерви

Се зголемиле девизните резерви

Трамп ѝ дозволи на Nvidia да продава чипови со вештачка интелигенција во Кина

Трамп ѝ дозволи на Nvidia да продава чипови со вештачка интелигенција во Кина

Која економија беше најдобра во 2025 година?

Која економија беше најдобра во 2025 година?

ЗА РАСТЕЊЕ НА ДЕТЕ МЕСЕЧНО СЕ ПОТРЕБНИ ОД 12.000 ДО 16.000 ДЕНАРИ: Во минатото било или денес е финансиски потешко?

ЗА РАСТЕЊЕ НА ДЕТЕ МЕСЕЧНО СЕ ПОТРЕБНИ ОД 12.000 ДО 16.000 ДЕНАРИ: Во минатото било или денес е финансиски потешко?

Нови раководства, исти резултати: Национално акционерско друштво направи загуба од 32 милиони евра за три месеци

Нови раководства, исти резултати: Национално акционерско друштво направи загуба од 32 милиони евра за три месеци

Германија во проблеми – еден милион работни места „зјаат“ празни

Германија во проблеми – еден милион работни места „зјаат“ празни