14 Декември, 2025
0.0519

Состанокот на еврогрупата заврши без договор за Грција

Објавено во: Свет 21 Ноември, 2012 09:40

Добивај вести на Viber

Министрите за финансии од еврозоната по речиси 12 часа разговори, кои се оддолжија до раните утрински часови,  не успеаја да се договорат со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард за формула за намалување на грчкиот долг и се согласија да се состанат повторно в понеделник во обид да го решат ова прашање.

Во соопштението објавено утрово, еврогрупата ги поздравуваат преземените чекори од страна на Грција за да ја исполни својата програма, но се додава дека ќе мора уште да се расправа за тоа какви активности ќе се преземат понатаму.

- Еврогрупата со задоволство истакнува дека сите претходни дејствија потребни пред оваа средба се исполнети на задоволителен начин. Ова се однесува на широкиот пакет реформи, како и на буџетот за 2013 година и амбициозната фискална стратегија на среден рок за 2013-16 година. Овие напори демонстрираат силна посветеност на властите за прилагодување, се вели во пишаната изјава на министрите.

- Во овие околности, еврогрупата имаше долга дискусија и постигна напредок во идентификување на доследен пакет на веродостојни иницијативи насочени кон создавање на уште позначителен придонес кон одржливоста на грчкиот државен долг. Еврогрупата го прекина состанокот со цел да се овозможи понатамошна техничка работа на некои елементи од овој пакет. Еврогрупата повторно ќе состане во понеделник на 26 ноември, се додава во соопштението.

Доцнењето со заклучокот значи дека Грција уште ќе треба да чека вести за доделувањето на околу 44 милијарди евра финансиска помош на рати, за кои постоеше надеж дека ќе бидат добиени на почетокот на следниот месец со оглед на тоа што Владата останува без готовина за да ги покрие своите основни потреби.

И покрај извештаите дека еврозоната не успеа да ги надмине разликите со ММФ околу тоа како да се направи грчкиот долг одржлив и гласините за поделби меѓу министрите за финансии, шефот на еврогрупата Жан-Клод Јункер изјави дека немало непремостливи разлики.

- Блиску сме до договор, но мора да се направат технички проверки и финансиски пресметки и навистина поради технички причини тоа не можеме да го направиме на соодветен начин во овој час од денот и затоа ја прекинуваме средбата и повторно ќе се состанеме следниот понеделник, изјави Јункер по состанокот.

- Не постојат поголеми политички несогласувања, нагласи тој.

Според документ подготвен за средбата, до кој дошле некои светски медиуми, долгот на Грција не може да се намали до 120 отсто од БДП до 2020 година, нивото кое е одржливо според ММФ, освен ако земјите членки на еврозоната не отпишат дел од нивните заеми за Грција.

Документот кој имал 15 страници и циркулирал меѓу министрите, утврдувал колку Грција е далеку од намалувањето на својот долг според целите поставени од ММФ, од ниво на сегашните 170 проценти од БДП.

Во документот се утврдени различни начини на кои Грција може да го намали долгот од сега до 2020 година, но се заклучува дека ништо нема да биде доволно без кредиторите од еврозоната да посегнат по своите имоти – нешто што Германија и другите членки рекле дека нема да биде легално.

Во документот се наведува дека грчкиот долг би можел да падне до 120 проценти од БДП две години подоцна – во 2022 година – без никакви загуби за земјите членки на еврозоната или со откуп на грчкиот долг од страна на сопствениците на обврзници од приватниот сектор.

Без никакви корективни мерки, според документот, грчкиот долг може да изнесува 144 отсто во 2020 година и 133 отсто во 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск