19 Декември, 2025
0.0428

Кризата во Кипар ќе создаде конфликт меѓу Русија и Турција?!

Објавено во: Свет 21 Март, 2013 21:02

Добивај вести на Viber

Идејата економската криза во Кипар да се санира со помош на кипарското богатство во нафта и природен гас може да предизвика тензии меѓу Турција и Русија, смета Булет Алириза од Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања (ЦСИС) во Вашингтон.

Алириза предупредува дека до ова може да доведе идејата големиот долг на кипарските банки кон руски вложувачи да се санира со нудење специјални права на руски компании, како „Газпром“, за експлоатирање на неодамна откриеното богатство во нафта и природен гас во Средоземно Море, јавува дописникот на МИА од Вашингтон.

„Кипарските Грци секако го нудат своето нафтено богатство, за кое ќе помине уште многу време пред да може да биде извадено на површината, искористено и пренесено до светските пазари. Прашање е како ова ќе се одрази на односите меѓу Турција и Русија. Турците рекоа дека ќе се одмаздат на која било компанија која соработува со Кипар на гасните резерви без договор и со нив. Прашање е дали тоа би можело да се однесува и на рускиот „Газпром“. Мислам дека се уште е рано да се каже дали Русите ќе прифатат некој ваков договор“, изјави Булент Алириза, директор на проектот за Турција во ЦСИС.

Американските власти не коментираат многу за состојбата во Кипар. Белата куќа и Стејт департментот одговорите на прашањата за Кипар, кои зачестија изминатите денови, ги префрлаат кон Секретаријатот за финансии.

Стејт департментот немаше одговор на прашањето дали се очекува, по економската криза во Кипар, да се побараат построги правила против перењето пари во оваа островска дестинација, како и за тоа колку американски компании и граѓани се во категоријата на штедачи со повеќе од 100 илјади евра на Кипар, на кои им се заканува губење на дел или на целиот износ на влоговите. Ставот на САД е дека стабилна Европска Унија и стабилен Кипар се во интересот на САД.

Бен Бернанке, директорот на американските Федерални резерви, институцијата која функционира како централна банка на САД, оцени дека на економската драма во Кипар се уште не се гледа како на закана за американската економија.

- Има се уште неизвесности и тешкотии за Кипар. Во овој момент не гледаме сериозен ризик за американскиот финансиски систем или за американската економија од Кипар. Мислам дека ефектот не беше голем ниту врз пазарите, изјави Бернанке.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја