Совет плус: Овие испитувања не избегнувајте да ги направите!
Објавено во: Стил 22 Октомври, 2014 20:17
Значи, не сте посетиле доктор пет години и не знаете колку Ви се движи холестеролот? – Сега е време да превземете контрола над Вашето здравје и да ги направите овие пет клучни испитувања. Липиден профил
Време: наутро Покрај високата концентрација на холестеролот кои ветуваат болест на срцето и мозочен удар, важно е да знаете како се движат вашите бројки. Липидниот профил се состои од вкупен холестерол, триглицериди, ХДЛ холестерол и ЛДЛ холестерол. За да ги добиете правите резултати, најдобро е липидниот профил да го направите веднаш наутро. Ако Вашите резултати се во нормални граници морате да го тестирате нивото на холестеролот на секои пет години. ПАП тест Време: 10 до 20 дена после почетокот на менструацијата Пап тестот ја одредува промената на клетките на вратот на матката – покажува присуство на инфекција, абнормални клетки или рак на вратот на матката. Важно е да се направи по еден Пап тест секоја година после 21 година од животот, дури и ако не сте сексуално активни. Можете тоа да го направите во било кое време во месецот, но Вашите резултати би биле најпрецизни 10 до 20 дена после првиот ден од менструацијата кога цервикалната слузница е најтенка. Исто така најдобро е да немате полови односи или да не користите производи за интимна хигиена 24 до 48 часа пред земањето на Пап тестот. Шеќер во крвта Време: наутро или два часа после оброк Шеќерот во крвта треба задолжително да го проверувате два пати во годината или почесто, доколку имате било кои од симптомите на шеќерна болест, што вклучува хронична жед, прекумерно мокрење, болни нозе, ненадеен екстремен губиток во телесната тежина, инфекции, губиток на либидото и замаглен вид. Важно е да се запомни дека дијабетесот не може да се дијагностицира од само еден абнормален тест, па дури и ако тоа е Ваш прв тест, кој укажува на зголемено ниво на глукоза.
Мамографија Во текот на првите 20 дена од менструалниот циклус Иако рутинската мамографија не се препорачува за жени помлади од 40 години, доколку имате член од фамилијата кој има или имал рак на дојката, морате да направите мамографија кога сте 5 години помлади од тоа лице на кое и е дијагностициран рак на дојката.
Разните здравствени студии покажале дека мамографијата во текот на првите 14 дена од менструалниот циклус (првиот ден е денот на почетокот на менструацијата) може да ги удвои шансите за точно читање, бидејќи ткивото на дојката е помалку густо во тоа време и малите јазолчиња се полесни за откривање. Тоа воедно е и најдоброто време во месецот за самопреглед (тој би требало да започне во раните дваесети години).
Не ставајте дезодоранс или антиперспирант на денот на мамографијата бидејќи тоа може да влијае на читањето на мамографијата. Крвен притисок Време: Кога сте опуштени
Овој рутински тест е уште поважен доколку имате над 35 години, бремени сте, имате фамилијарна анамнеза за висок крвен притисок, или проблеми со срцето, како и со бубрезите. Крвниот притисок би требало да биде ист секој ден. Ако првото мерење во лекарската ординација покажува висок крвен притисок, морате да го повторите тестот во рок од два дена. Високиот крвен притисок не може да се дијагностицира од едно читање. За најточните резултати мерете го притисокот кога сте потполно опуштени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





