07 Мај, 2024
0.0295

Совети како да го добиете посакуваното зголемување на платата

Објавено во: Стил, Финансии 18 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во еден идеален свет шефот забележува дека ја вршите одлично работата и ви ја зголемува платата. За жал, овој случај е реткост. Ако сакате да добиете повеќе пари, треба да си ги побарате. Но, како да го направите токму тоа и резултатот да е позитивен?

Треба да покажете каков е вашиот придонес за компанијата, да ги нагласите своите достигнувања и да направите малку истражување.

Следете ги овие 6 совети и успехот ви е загарантиран:

1. Закажете средба

Понекогаш не треба да закажете средба со шефот за да добиете покачување, но ние ве советуваме да го направите токму тоа. Договарањето на лична средба е важно, бидејќи на тој начин го привлекувате вниманието на газдата 100% врз себе. Постои веројатност шефот воопшто да не си мисли да ви ја зголеми платата. При лична средба можноста да го прескокне прашањето или да го одложи за понатаму е неверојатено. Освен тоа кога закажете лична средба, шефот ќе биде поставен кон перцепција на тоа што го прашувате серизоно.

2. Напишете листа со постигнувањата

Подгответе се да дискутирате за успесите во работата. Ако сакате да добиете повеќе пари, покажете дека ги заслужувате. Задолжително истакнете ги начините на кои вашата работа е во корист за компанијата.

3. Направете истражување

Користете сајтови кои мерат ја просечната плата за вашата професија. Ова ќе ви даде основа за споредба, а исто така и за шефот.

4. Објаснете што планирате да направите во иднина

Волонтирајте за проект или пак понудете таков. Идентификувајте проблем со кој компанијата треба да се соочи. Секој предлог и решение ќе биде прифатено позитивно од шефот. Ако про активноста ви биде усвоена на драго срце, објаснете дека тоа значи дека ќе бидете рамо до рамо со нови одговорности и задачи - еве зошто заслужувате повисока плата. Тоа може да се разгледа и на начини на кои можете да му помогнете на менаџерот или како да ги ублажите дел од обврските на своите колеги.

5. Бидете позитивни и професионалци

Пред да го убедите шефот дека заслужувате покачување, треба да поверувате дека навистина го заслужувате. Не дискутирајте во разговорот за лични работи како ми ја зголемија киријата, или сакам да организирам голема забава за роденденот или пак одмор во Мајами. Дискутирајте само за унапредувањето како соодветно на трудот, кој го вложувате. Останете позитивни до крајот. Не станувајте одбранбени.

6. Малите детали кои тежат

Јазикот на телото е многу важен. Тонот исто така. Убедете се дека пораките што ги испраќате, се недвосмислени. Бидете уверени и директни. Разговарајте отворено. Уште еден совет: направете визуелен контакт, стојте право и имајте простор. Не скрстувајте ги рацете пред себе, туку пуштете ги слободно покрај телото. Вие не сте на војна сте дошле да побарате она што мислите дека го заслужувате како професионалец.